Кафе муабет
Плачев пред децата поради ове лаги- Драгана Мирковиќ откри што најмногу ја повредува!
Таа гордо зборуваше за успехот на своите деца...
Драгана Мирковиќ важи за една од најуспешните жени на Балканот.
Имено таа пред неколку дена гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ на голема среќа на нејзините бројни фанови, со оглед на тоа што во последните година и пол речиси и да не се експонира во медиумите.
Таа реши за прв пат да проговори на бројни теми, меѓу другото, зборуваше и за децата кои не сакаат да се експонираат во медиумите, па призна дека децата ја гледале како плаче само во исклучителни прилики.
– Моите деца решија да не се експонираат во јавност и можеби тоа до некаде е моја вина, бидејќи единствено кога ме видоа како плачам беше поради некоја лага која беше објавена во медиумите за мене и се сеќавам дека последен пат кога ме видоа како плачам, прашаа дали е повторно поради новинарите. Можеби требаше да го скријам тоа од нив, но како што сум искрена насекаде, пред се дома, не сакав ништо да скријам од нив и веројатно тоа ги оддалечи од некаква желба да бидат видени или воопшто познати – рече Драгана Мирковиќ.
Таа гордо зборуваше за успехот на своите деца…
– Марко заврши Академија и сега студира, студира економско право, а Мануела е матурантка, ова е нејзина година, а што ќе се случи што се однесува до студиите, јас не се мешам во тоа, ја чекам да одлучи. Сè уште избира меѓу два факултети, во секој случај тоа се одлични студенти и деца поради што ниту професорите ниту наставниците никогаш не ме повикале да се пожалат – гордо рече Драгана.
За љубовниот живот на нејзиниот син вели дека воопшто не се меша во изборот на неговите девојки.
-Јас сметам дека треба децата да поминат сами низ различни избори за на крајот да го направат вистинскиот избор. Ако тие немаат некоја грешка во тие избори нема да знаат да ја ценат вистинската личност која е со нив. До сега не сме имале проблем. Мене сите ми се допаѓаат да бидам искрена и уживам во таа некоја втора младост благодарение на нив.
Неодамна Драгана зборуваше и за тоа дека Марко и Мануела се многу скромни деца покрај тоа што нивните родтели се богати.
– Моите деца се најнормалните деца на светот, кои имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студира економско право, а Мануела завршува средно образование и работи на рецепција во Рико – рече Драгана.
Инаку Драгана Мирковиќ води убав и среќен живот, онаков каков што отсекогаш го сонувала.
Таа кога ќе се изгаснат рефлекторите е сосема нормална жена која ужива во својот брак со Тони Бјелиќ.
Нејзиниот сопруг е успешен бизнисмен, а таа една од најпознатите пејачки, па за нив луксузните патувања се секојдневие.