Дом и семејство
“Плачам за неа секој ден”: Побарала азил како лeзбијka за да добие документи, јадела само една кифла на ден – еве што прави денес ќерката на Кеба во Америка
Пејачот не крие дека му недостасува...
Ќерката на Драган Којиќ, Кеба, повеќе од една деценија живее во Америка, каде ја бараше својата среќа, иако пред тоа имаше солидна пејачка кариера.
Наташа Којиќ-Таша јавноста ја запозна како ќерка на познатиот фолкер, Кеба, убава русокоса која кога се појави на сцената направи бум.
Но Таша не била задоволна од тоа во која насока се движи нејзината кариера, ниту пак од музиката што ја изведуваше но и од животот на Балканот, па реши да замине во Америка.
Младата пејачка се преселила во далечната Калифорнија откако претходно дипломирала на Универзитетот Беркли во Бостон. Сепак, таквиот избор понесе и некои последици, па Наташа зад себе има многу тешки денови.
На ќерката на Драган Којиќ со години не ѝ дозволуваат да се врати во својата земја поради ситуацијата која пак и донесе виза за постојан престој во Америка, поради што нејзиниот славен татко призна дека многу пати.
Имено, за да може толку долго да остане во САД, Таша поднела барање за статус на барател на азил, како лез-бејка. Иако јавно покажува дека не е ориентирана кон истиот пол, Наташа го искористила правото на азил за да добие документи.
Америка не е обврзана да дава азил без разлика дали барањето е основано или не, освен во случаи кога барателот на азил веќе е на територијата на земјата од која бара азил, и само ако неговиот живот ќе биде загрозен или ќе претрпи прогон ако се врати во матичната земја. По нечиј совет се пријавила како лез/бејка, па би требало да успее, бидејќи во Србија за разлика од САД не се дозволени геј бракови, а тоа во Америка се толкува како дискриминација.
Но, ќерката на Драган Којиќ поради ова нема право да ја напушти Америка, бидејќи доколку го направи тоа, нема да и биде дозволено да се врати во Америка. Имаше тешки моменти, кога јадеше по една кифла дневно, а нејзините родители Оља и Драган и помагаа финансиски. Ја молеле да се врати во Србија, но Наташа не сакала ни да слушне за тоа.
За да ги исплати сите долгови што ги има изнајмила стан кој го издавала на трети лица. Покрај тоа, таа имала сериозни проблеми со поранешното момче кое ја пријавило во полиција поради малтретирање. Со оглед на тоа што Којиќ наводно била земена под заштита на азил, таа може да продолжи да работи во Америка легално. Наташа има кредитна картичка, сопствен автомобил, стан што го изнајмува. Таа се надева дека наскоро ќе и се реши статусот и дека потоа со својот талент ќе достигне повисоко ниво во кариерата. Инаку, освен што пишува филмска музика, таа снима модни едиторијали, статистка е и се појавува во ревии.
-Три години не сум бил во Америка поради целата ситуација. Благодарение на новата технологија и социјалните медиуми, се слушаме секој ден или секој втор ден. Јас не сум од оние родители кога детето мора постојано да биде во скут. Грижата постои, често ме обзема и не ми е лесно. Само јас знам како се чувствувам. Плачам за неа. Тешките работи што ги чувствувам ги преведувам во песни. Имам две-три песни кои и ги посветив, но се уште ги немам снимено – изјавил еднаш Кеба.
И додека сите мислеа дека наследничката на Кеба се занимава со некој сомнителен бизнис во Америка, тој реши да стави крај на ваквите гласини и на сите им го порача следново:
-Се обидуваат да и нанесат болка на ќерка ми, а мене и мојата Оља да не дискредитираат како родители. Наташа е воспитана на вистински начин и оваа хајка не може да го намали нашиот придонес како родители. Ќерка ми заврши Музичка академија со оценка десет, а потоа дипломираше на Беркли во Америка како стипендист – рекол тој, пренесе Експрес.
Наташа Којиќ пејачката кариера ја започна во Србија, а по завршувањето на студиите на Музичката академија доби стипендија на познатиот универзитет Беркли.