Кафе муабет

ПИСАТЕЛКАТА КСЕНИЈА НИКОЛОВА УЖИВА ВО ЉУБЉАНА СО САКАНИОТ: Веќе не бројам ништо и ништо не очекувам

Писателката ужива во Словенија со саканиот...

Пред повеќе од една деценија на малите ТВ екрани нашите срца ги освоија неколку ултра талентирани дечиња од школата за глума на актерката Весни Бејби Петрушевска кои беа дел од нејзиниот проект „Бејби шоу“ кој сите деца со нетрпение го очекуваа пред малите екрани.

Фото: Фејсбук/Ксенија Николова

Дел од тоа успешно телевизиско шоу беше и писателката и инфлуенсерка, Ксенија Николова, која од мала и кревка порасна во силна и успешна жена која денес цврсто стои на свои нозе.

Фото: Фејсбук/Ксенија Николова

Како млада писателка Ксенија дефинитивно ги освои срцата на македонската читателска публика.

„Емотивен манипулатор“, „Сите мажи ја сакаат Лиа“, „Идиотски приказни“, ,,Незадоволна’’.. нејзините книги умеат да расплачат, трогнат, да ве потсетат на првата љубов и да го разбудат романтичарот во Вас.

    Фото: Фејсбук/Ксенија Николова

Познатата писателка е доста активна на социјалните мрежи каде го споделува поголемиот дел од нејзиното секојдневие со своите фанови.

Фото: Фејсбук/Ксенија Николова

Моментално, таа е во Љубљана каде ужива во претпразничната магија со својот сакан.

Главиот град на Словенија е преубаво украсен, а Ксенија ужива со својот сакан во празничната магиja.

 Фото:Инстаграм/Ксенија Николова

 

„Љубљана е украсена, а јас се радувам како детe, што за тоа што допрва следи, што онака, сосема без причина.

Секоја година си посакуваме да биде наша и кога една желба нема да ни се исполни, си велиме – ај, следната година.

Решив дека веќе не бројам и ништо повеќе не очекувам. Повеќе спонтаност и разиграност, повеќе детска радост и искрени насмевки.

И кога не се редат коцките, со нив сѐ уште можеме да си играме.

Да сте живи и здрави!“ , напиша Ксенија на Инстаграм.

Фото:Инстаграм/Ксенија Николова

Фото: Фејсбук/Ксенија Николова

Фото: Фејсбук/Ксенија Николова

Фото: Фејсбук/Ксенија Николова

Фото: Фејсбук/Ксенија Николова

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close