Кафе муабет
Пејачката Тања Савиќ скршена од болка, реши да ги открие најтешките детали за разводот!
„Во социјалната служба рекол дека е самохран татко и дека сум се одрекла од децата“
Тања и синовите се соочуваат со тежок пат на градење доверба и закрепнување од сè што се случи во последната година…
Пејачката Тања Савиќ повеќе од една година поминуваше низ тежок период бидејќи нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ја раздели од синовите Ѓорѓе и Максм кои преку ноќ ги однесе во Австралија.
Но сега пејачката го остави зад себе најтешкиот период од животот и го доби старателството над нејзините синови и ги донесе назад во Србија па сега ужива во нивно присуство.
Тања се обиде да им обезбеди се на децата па така купи и нов луксузен стан во Смедерево. Тања е родум од Радинац, место кое е близу до овој град, па затоа сакаше да се смести во близина на нејзините родители.
Додека таа беше мажена за Душан Јованчевиќ, последните години живееја како станари во Белград, но се чини дека Савиќ претпочита помирна и помала средина.
Сепак, сега Тања и синовите се соочуваат со тежок пат на градење доверба и закрепнување од сè што се случи во последната година, бидејќи, како што вели таа, децата наводно биле изманипулирани од нивниот татко Душан Јованчевиќ.
Пејачката откри дека нејзиниот наскоро бивш сопруг наводно им рекол на социјалните служби во Бризбејн дека тој е самохран татко и дека мајката не е заинтересирана за момчињата.
– Кога се разделивме, Максим имаше девет години, а Ѓорѓе само седум години. Децата на таа возраст се многу подложни на манипулација, особено кога доаѓаат од блиско опкружување и од луѓе кои се навикнати на тоа. Исчезнаа многу убави работи што успеав да им ги пренесам. Се разбира, тие не ја изгубија добрата душа. Пред нас е период во кој ќе мора да го вратиме она што некогаш го имавме и да изградиме многу нови работи. Во социјалната служба, дури дознав дека тој се пријавил како самохран татко на синови чија мајка се откажала. Јас се тресев кога го слушнав тоа – започна Тања за „Hello“.
Таа исто така тврди дека нејзините синови сè уште покажуваат негативно однесување кога ќе слушнат со нивниот татко.
– Има ситуации откако се вративме, кои ме потсетуваат на тоа. Кога ќе слушнат со нивниот татко, кај нив се појавува некаква агресија и се менува атмосферата во куќата, но верувам дека времето ќе го стори своето – признава таа.
Кога станува збор за развод, Тања изјави дека се надева дека наскоро ќе се реши се.
– Случајот со децата е решен, сега е време за развод. Но, тоа ќе биде кратка постапка. Според тамошните закони, на сопружниците им се дава една година да размислат и на крајот да се помират. Зад нас е повеќе од една година, така што нема да има проблеми – заклучува таа.
Душан спрема вистински хаос за Тања!
Сопругот на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ, наводно, нема намера да се предаде и да го признае поразот.
Иако по враќањето на синовите во Србија изјави дека би сакал да се смири со пејачката и дека се уште има надеж тие да бидат срежно семејство ветувајќи дека ќе се смени и нема да биде љубоморен, сепак сега по се изгледа реши да не мирува.
Извор близок на парот за еден српски медиум изјави дека сега е повреден и ќе направи се за да ги земе децата, дури е убеден дека и ќе се смири со Тања, па таа не треба да се опушта на кој било начин, иако нејзините синови Максим и Ѓорѓе сега се во Србија со неа.
– Душан нема само така да се предаде, нема шанси да се откаже од Тања и неговите синови – започнува изворот и додава:
– Убеден е дека Тања сè уште го сака и дека е важно да биде близу до неа, па затоа реши да се врати во Србија. Тој ќе изнајми стан во близина на неа и ќе гледа тие често да се среќаваат, ќе се погрижи таа да не заборави на него па дури и да сака. Ќе направи хаос ако Тања не сака да попушти. Неговата единствена цел е да се смири со неа, тој е убеден дека Тања е старата жена која може да ја убеди во што сака, сепак, Тања стана многу посилна во периодот кога ги доби децата и е решена да не се врати на старото. Душан има право да се бори за неа и за децата, но се сомневам дека таа ќе попушти. Па, сега, како Душан ќе се справи со тоа и дали ќе се помири со фактот дека ја изгуби, останува да видиме – заклучува изворот.