Кафе муабет
Пејачката ослабна до непрепознатливост – фановите шокиpaни од новиот изглед!
Како што и самата призна, пејачката направила операција за намалување на желудникот пред две години...
Британската кантавторка, дизајнерка и медиумска личност Кели Озборн со години се бори со вишокот килограми, но сега гордо го „шета“ своето ново тело.
Со новиот изглед пејачката предизвика бура од реакции.
Веќе со месеци се коментира за нејзиното тело кое го доведе до совршенство после долгата борба со прекумерната тежина.
Како што и самата призна, пејачката направила операција за намалување на желудникот пред две години:
„Тоа беше најдобрата одлука што ја донесов“, изјави Кели, која сега редовно покажува колку е згодна на социјалните мрежи.
Сепак, нејзините придружници велат дека пејачката очигледно освен операцијата направила и други корекции на лицето.
Најновите фотографии на Кели кренаа голема прашина, бидејќи нејзините обожаватели сметаат дека таа изгледа непрепознатлива.
„Неверојатно што може да направи операцијата“, „Јас сум збунета, кој е ова?“, „Дали си направила корекција на усни“ – се прашуваат придружниците.
Еве како изгледа сега: