Кафе муабет
Пејачката Драгана Мирковиќ јавно побара помош од Карлеуша: Јелена, помогни ми!
Незнае да прави селфи...
Драгана Мирковиќ е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм во последните две години.
Пејачката постојано објавува нов фотографии а не пропушта ниту една објава од пријателите и колегите, и често пати може да се забележи како остава убав и пофален коментар.
Сепак, иако на секоја фотографија изгледа совршено, сепак пејачката се пожали дека не знае да прави селфи.
Драгана обично објавува фотографии на кои други ја сликаат, но овој пат реши да го направи тоа сама, но според неа нешто не штима.
Нејзината последна објава е слика, на која Драгана позира пред огледало, но бидејќи не била задоволна, јавно побарала помош од колешката Јелена Карлеуша, бидејќи таа е мајстор во тоа.
– Никогаш нема да научам да се сликам во огледало. Јелена Карлеуша, помош – напиша пејачката.
Инаку Јелена Карлеуша во моментов ужива со своите жерки во Дубаи каде направи вистински спектакл.
По долгонајавуваниот концерт кој помина одлично, пејачката реши да замине на шопинг со своите наследнички Атина и Ника, па во една прилика се фотографираше во огледало.
Фотографијата предизвика лавина од коментари, воглавно за изгледот на пејачката, која како што може да се забележи изгледа совршено облечена во спортска облека наменета за прошетка.
Не изостанаа и коментарите за Ника и Атина, а многумна забележаа дека Атина, постарата ќерка на Душко и Јелена е копија на нејзината мајка.
Очигледно оваа фотографија ја поттикна Драгана да побара помош од Карлеуша, да ја научи да прави селфи во огледало како поискусна во тоа.