Кафе муабет
Петар Грашо ја смени одлуката за брак: Хартијата никогаш не била доказ за љубовта
Со Хана го пронајде тоа што го бараше со години...
Помина скоро една година откако Петар Грашо реши да ја прекине две и пол децениската врска со Данијела Мартиновиќ.
Веста за нивната разделба беше главна тема во сите медиуми а за неколку месеци Грашо се најде повторно во центарот на вниманието кога ја обелодени врската со сегашната сопруга Хана Хулиќ.
Тие двајца очекуваат принова на почетокот на летото.
Она што е интересно е тоа што и покрај медиумската бура, бракот на Петар Грашо е исклучително убав и хармоничен, а многумина се согласуваат дека тоа е затоа што музичарот заедно со убавата Хана го пронашол она што го барал долги години.
Со Даниелa немаше деца, ниту некогаш за медиумите го спомнувал проширувањето на семејството, ниту таканаречениот „луд камен“, а бидејќи за само неколку месеци се предомислил на двете теми, се заклучува дека потајно посакувал се што има денес – легализирана врска и дете.
Под влијание на поранешната негова избраничка, се чини дека бракот немал многу смисла за Петар Грашо.
– Имам голема почит кон бракот како институција, како и кон луѓето кои ја ценат оваа заедница. Меѓутоа, за мене во овој момент чинот на влегување во брачните води не значи премногу, бидејќи тоа не е некакво светилиште кое нужно гарантира љубов, хармонија и среќа. Четириесет проценти од браковите во светот се распаѓаат. Даниела и јас не сакаме да ја легализираме нашата врска. Мислам дека тоа е клише, фиока во која сите се обидуваат да не втурнат, изјави тогаш Грашо.
– Мислам дека во денешно време е многу поважно како се чувствуваш, а не да си роб кој зависи од мислењата на другите. На прашањето за бракот, имам подготвено контрапрашање „Дали е подобро жената да биде во брак во кој мажот ја тепа?
За мене е подобро да живеам во една слободна врска. Љубовта не се покажува со потпис. Не сум роб на традицијата и не мислам дека сум помалку добар човек поради тоа, изјави музичарот кој ја запозна Хана Хуљиќ минатата година и од тогаш радикално го промени својот поглед на светот.
Уште кога стигна веста дека ќе се венча со неа и дека ќе стане татко, сите се прашуваат како Грашо можел толку да го промени своето мислење.
Неодамна Петар Грашо реши да стави крај на сите озборувања и за прв пат откри во какви односи е со Данијела Мартиновиќ со која беше во врска повеќе од две децении.
Додека Данијела Мартиновиќ веќе неколку пати се огласи за раскинувањето на 24-годишната врска со Петар Грашо, сплитскиот пејач реши се да молчи. До сега Петар Грашо не зборуваше ништо за раскинувањето, но сега во интервју за српски Стори само накратко ја коментираше нивната љубов на која и ставија крај минатата година.
– Ги разбирам луѓето зошто им е интересно да прочитаат нешто повеќе за мене, бидејќи немам навика да вадам детали од спалната соба или од кафулето каде пијам ракија. Свесен сум и дека се заинтересирани за мојот брак со Хана Хуљиќ и нејзината бременост, изјави Грашо во интервју за српски Стори, додавајќи дека не би знаел како да ги коментира бројните написи што ги прочитал за себе и за Данијела Мартиновиќ.
– Меѓу нас се е чисто и јасно, останавме во добри односи. Не би знаел што да коментирам или да кажам за сите оние текстови кои се појавија во медиумите за нас во претходниот период. Ме интересираат коментарите на стручни луѓе. На пример, кога ќе ми кажат дека сум зафркнал некаде, се трудам да го поправам, не обрнувам внимание на коментарите на оние кои добиваат мислење за мене врз основа на статии што ретко ги читам. Иако и тогаш немам проблем со хејтерите.