Кафе муабет
Петар Грашо за прв пат откри детали од венчавката- еве каква врска има сега со Тончи Хуљиќ
Наскоро ќе стане татко...
Пејачот Петар Грашо неодамна се ожени со Хана Хуљиќ, ќерката на неговиот голем пријател и долгогодишен соработник на Тончи Хуљиќ.
Музичарот истакна дека венчавката поминала токму онака како што си замислиле, а единствено биле вознемирени од бројните новинари пред црквата.
„Се беше онака како што јас и Хана сакавме. Мал круг на луѓе, само околу 50 пријатели. Единствено што не замислувавме беа 250-те новинари пред црквата. Моравме да се качиме во комбе, а луѓето малку не заштитија. Имавме романтична визија дека шетајќи низ тесните улички, држејќи се за рака, ќе стигнеме до црквата, но вистината е дека личеше на папарацо собир – вели Петар Грашо.
Грашо истакна дека на крајно едноставен начин направиле забава и дека на неговата свадба бил диџеј.
-Тоа беше една забава онаква каква што јас сметам дека треба да се забавуваат луѓето на свадби. Ништо не криевме, само сакавме да биде далматинско во целост. Некој сака 600 луѓе и 50 музичари, а ние сакавме 50 пријатели. Јас дури бев и свој диџеј – изјави пејачот за Блиц.
Тој е познат како некој кој внимателно го чува својот приватен живот од очите на јавноста. Но, овој пат откри дали нешто се променило во неговиот однос со Тончи Хуљиќ со кој соработува во текот на целата кариера.
– Со Тончи работиме заедно 20 години, практично. И сите мои песни, ако не сум ги компонирал, се или негови или коавторски. Значи, немаме други соработници што се однесува до компонирањето – рече музичарот и додаде:
– И ние овде функционираме едноставно како близнаци. И многу пати се расправаме затоа што мислам дека неговиот дел од песната е подобар од мојот или обратно. Значи, нема его, на тој начин соработуваме. Уживам да правам музика со него. Сè е во ред.
Иако никогаш не сакал јавно да зборува за приватниот живот, сепак неодамна Петар Грашо реши да стави крај на сите озборувања и за прв пат откри во какви односи е со Данијела Мартиновиќ со која беше во врска повеќе од две децении.
Додека Данијела Мартиновиќ веќе неколку пати се огласи за раскинувањето на 24-годишната врска со Петар Грашо, сплитскиот пејач реши се да молчи. До сега Петар Грашо не зборуваше ништо за раскинувањето, но сега во интервју за српски Стори само накратко ја коментираше нивната љубов на која и ставија крај минатата година.
– Ги разбирам луѓето зошто им е интересно да прочитаат нешто повеќе за мене, бидејќи немам навика да вадам детали од спалната соба или од кафулето каде пијам ракија. Свесен сум и дека се заинтересирани за мојот брак со Хана Хуљиќ и нејзината бременост, изјави Грашо во интервју за српски Стори, додавајќи дека не би знаел како да ги коментира бројните написи што ги прочитал за себе и за Данијела Мартиновиќ.
– Меѓу нас се е чисто и јасно, останавме во добри односи. Не би знаел што да коментирам или да кажам за сите оние текстови кои се појавија во медиумите за нас во претходниот период. Ме интересираат коментарите на стручни луѓе. На пример, кога ќе ми кажат дека сум зафркнал некаде, се трудам да го поправам, не обрнувам внимание на коментарите на оние кои добиваат мислење за мене врз основа на статии што ретко ги читам. Иако и тогаш немам проблем со хејтерите.