Кафе муабет
Откриена измама: Самохраниот родител кој јавно бараше помош бил коцкар?- не е разделен од сопругата, лажеле за потребите на снимањето?
Миа Костова тврди дека Тале е измамник...
Водителката и инфлуенсерка Миа Костова денеска ја шокираше јавноста со својата објава на Фејсбук.
Имено Миа се осврна на една од емитуваните стории на емисијата Срце на Дланка кога Тале Витанов од Велес се појави и ја растажи јавноста со својата сторија дека е самохран родител на две малолетни деца кои често пати си легнуваат гладни бидејќи тој н е ево можност да им даде храна и се што е потребно за нив.
Овој апел кружеше на социјалните мрежи. Многу хумани граѓани се пријавија да му помогнат на Тале а воедно беше оставена и жиро сметка на која можеше да се испраќаат парични средства за помош.
Но сега Миа објави неколку фотографии и ја шокираше јавноста со сознанието дека всушност целата сторија на Тале е лага за да се соберат што повеќе пари.
Статусот на Миа го пренесуваме во целост…
Апелов го објавивме мислам дека сите!
Никогаш не сум кажала кога донирам, ама еве сега ќе кажам дека во истиот момент префрлив пари на сметка.
Се испостави дека се работи за коцкар, кој дреме по кладилници, своевремено освоил џекпот на апарати од 26.000 евра, со сопругата не е разделен го гледаат низ Велес, самохран татко бил за потребите на снимањето.
Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно.
Јавно барам одговорност од Срце на дланка со она малку новинарско искуство што го имам, како снимаат сторија ако цел Велес знае за каков човек се работи а тие на еден повик одат и прават приказна која вклучува и деца кои судејќи по трпезата и расположението на Тале, не се баш гладни.
Срамота!-напиша Миа Костова.