Кафе муабет
ОТКАКО ПОЧНА ДА ВЕЖБА СТАНА НЕПРЕПОЗНАТЛИВА – МАКЕДОНСКАТА ВОДИТЕЛКА НЕ ИЗГЛЕДАЛА НИКОГАШ ПОЗГОДНО
Теретаната си го прави своето...
Важи за една од најпознатите жени во Македонија. Бившата водителка на Бекстејџ и највлијателна македонска инфлуенсерка Миа Костова, препознатлива по своите цврсти ставови и без влакна на јазикот секогаш умее да го задржи вниманието на јавноста.
Имено, водителката постојано е во фокусот на случувањата кај нас и важи за еден препознатлив градски лик.
Можеме да ја видиме само во одбрани градски друштва, по познати скопски ресторани.
Од неодамна го прослави својот 38-ми роденден па на својот фејсбук профил се заблагодари:
,,Фала Ви луѓе што сте мои. Ве сакам сите до еден’’.
Миа важи за една од навлијателните инфлуенсерки кај нас.
Често можеме да ја видиме, како амбасадор и заштитно лица на одредени брендови.
Пред неколку дена водителката објави доста смела фотографија на која рекламира накит, а притоа може да се забележи дека вежбањето на теретана не било залудно.
Таа секојдно објавува мотивациони описи под своите фотографии на социјалните мрежи.
,,Мислев дека сум доволно возрасна да сто посто знам што е добро за мене, а што не. Додека не решив прв пат во животот да излезам од комфор зона и да одам против себе. А всушност одењето против себе кога е во прашање комфор зона е најдоброто нешто што може да се го направите. Страдањето од станување на сила и одење во сала и завршување две обврски повеќе од предвиденото е вистинско уживање во споредба со страдањето во кревет и исти пижами 10 дена’’, напиша Миа под нејзината последна објава на Инстаграм.
Инаку, таа пред месец дена почна секојдневно да објавува фотографии во теретана, прикажувајќи дека решила да го смени својот животен стил на подобро.
Костова во екот на изминативе неколку години стана една од најпознатите жени во Македонија, посебно кога се во прашање социјалните мрежи. Таа на својот Инстаграм постојано објавува интересни содржини, па многу нејзини обожавателки нестрпливо чекаат да видат нешто ново од неа.
.