Кафе муабет

Откако поранешниот сопруг ја обвини дека е лоша мајка се огласи и Тања Савиќ и ги шокираше сите

„Татко им ги заклучуваше во куќата“!

Вети дека ќе се смени, но има образ како ѓон и јасно е за каков човек станува збор – рече Тања…

Пејачката Тања Савиќ неодамна успеа да ги донесе своите синови во Србија, откако нејзиниот сè уште легален сопруг Душан Јованчевиќ, ги однесе во Австралија без нејзино знаење.

фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ

Сепак, оваа семејна драма не завршува тука. Душан вчера ја обвини пејачката за малтретирање на нивните синови психички и физички. Тој изјавил дека Тања им забранува да разговараат со нивниот татко, и ги тепа како и дека им се заканува да не му ја кажуваат вистината.

фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ

Како доказ за неговите тврдења дека Тања, наводно, го изгребала нивниот син, тој на новинарите им испратил фотографии од детето, покажувајќи дека има лузна што изгледа како да е од многу порано. Душан одговори:

Фото Телеграф.Рс
Фото Телеграф.Рс

„Сè се случи пред десет дена, мојот син дури сега ми покажа што му стори“.

Тања Савиќ сега се огласи по овој повод.

фото инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Знаеме што прави и тој најави дека ќе изјави се за медиумите. Ние знаеме како тој функционира и каква е неговата ментална состојба и не ми е јасно како не ви е јасно на вам новинарите и како верувате на човек кој има нарушување на личноста. Пред некој ден ми се јави и ми рече „Те сакам, чекај ме, сакам да дојдам и да живеам со тебе“, одговорив дека не доаѓа предвид, дека може да ги гледа децата, но дека јас навистина не сакам да имам ништо со него. Вети дека ќе се смени, но има образ како ѓон и јасно е за каков човек станува збор- рече Тања и додаде:

фото инстаграм/Тања Савиќ
фото инстаграм/Тања Савиќ
фото инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Јас сум најдобриот денес, утре сум најлошиот. Денес, тој нè сака и обожува и ни симнува sвезди, а потоа јас сум манипулатор. Не би продолжила, сакам мирен живот. Децата се во ред со мене, не им недостасува ништо. Важно е тие да бидат стабилни, да не бидат агресивни, да не фрлаат работи низ куќата како што беше случај порано. Други деца беа кога дојдоа. Тие сами си играа таму, нивната баба се грижеше за нив и тие не беа социјализирани, а сега се е поинаку и споделуваат сè со своите пријатели, ги почитуваат постарите лица, а претходно не знаеја што значи тоа. Правам се што е можно за д апоминуваат време надвор, нема повеќе игри, за разлика од татко им кој им даваше само игри, ги заклучуваше во куќата и така пораснаа. Животот во селото е најздрав за децата – изјави пејачката за „Блиц“.

фото инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close