Кафе муабет
Откако го покажа прстенот Милица Тодоровиќ призна: Подготвена сум да станам мајка!
Сака да роди дете...
Пејачката Милица Тодоровиќ моментално работи и ужива во Црна Гора, а сега проговори и за својот емотивен живот.
Милица Тодоровиќ моментално е на црногорското приморје, па иако важи за девојка која не зорува многу за приватниот живот, сега реши да проговори за својот љубовен живот и дали е заљубена.
– Посакувам да бев, но не сум, па ако моите песни станат хитови, да си родам едно бебенце – рече таа.
Таа не крие дека сака и дека е подготвена да се оствари во улога на мајка, но пред тоа мора да најде соодветен партнер.
– Прво треба да најдеш дечко, да го направиш тоа дете, а потоа да родиш – додала таа.
Отсекогаш се шпекулираше за нејзиниот љубовен живот, но сега таа е сингл и пејачката напорно работи на својата музичка кариера.
Милица се пофали со веренички прстен.
Пејачката моментални ужива на одмор, а една фотографија на Инстаграм успеа да ги збуни своите следбеници.
Имено, поради што сите почнаа да и честитаат.
Милица носела прстен со дијамант баш на прстот и на раката на кои се носи веренички прстен.
Пејачката на социјалните мрежи не дала никакво објаснување за тоа од каде и е прстенот.
За потсетување, последната љубовна врска со која Милица Тодоровиќ се претстави во јавноста беше актерот Петар Стругар со кој раскина во октомври 2020 година. Од тогаш пејачката својот љубовен живот го крие во тајност.
Милица Тодоровиќ веќе подолго време вели дека сака нормален маж за да се смири, па останува времето да покаже кој ќе го освои срцето на пејачката.
Цеца Ражнатовиќ имала забелешки на нејзиното однесување…
Милица Тодоровиќ денес важи за една од најатрактивните на Балканот, а сега проговори за советите кои и ги даде фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ во текот на нејзината музичка кариера.
Тодоровиќ најпрво проговори за непристојните понуди што ги добила во текот на нејзината кариера.
– Пеам 18 години. Пеам од мојата 11 година. Никогаш не сум имала непристојни понуди затоа што имам таков став, толку многу ми замеруваат, особено мајка ми – започна Милица за медиумите.
Пејачката во една прилика откри дека Цеца Ражнатовиќ имала забелешки на нејзиното однесување.
– Кога станува збор за колегите, Цеца Ражнатовиќ ми се јавуваше со најдобри намери, тоа беше одамна, и таа ми рече: „Зошто понекогаш не си дама?“ Јас и одговорив: „Што да правам, тоа сум јас “. Го градев тој штит уште од мали нозе само за да се заштитам. Никој не може ништо да ми направи. Ако некој ми приоѓаше на груб начин, ќе добиеше сериозна шлаканица, знам да се борам – рече Милица.