Кафе муабет
Отишла кај пластичен хирург, целосно ја трансформирал, а потоа ја запросил: „Од мене направи чудесна жена!“
Интересен е фактот дека по сите корекции на крај тој ја запроси а таа секако прифати...
Оваа неверојатна приказна на жена по ме Вероника буквално ќе ве остави без зборови.
Имено пластичниот хирург со кого денес Вероника е во брак, ја поканил на состанок и и предложи еден куп естетски зафати, па откако таа ја прифати неговата понуда тој од неа направи „совршена жена“.
Интересен е фактот дека по сите корекции на крај тој ја запроси а таа секако прифати.
Нивната љубовна приказна започнала кога Вероника решила да се консултира со козметички хирург по породувањето поради вагинопластиката на која имала намера да оди, но таа немаше поим дека ќе добие многу повеќе од тоа.
Дејвид Метлок кој е пластичен хирург, и предложил од неа навистина да направи „Трансформација и да биде чудесна жена“, што значи да подлежи на пластична хирургија.
Меѓу другото, тој на Вероника и предложи бразилско подигнување на задникот, вагинопластика и лабиопластика, липосукција на брадата, рацете и нозете, како и ботокс.
Вероника имала процедури и пред Дејвид – трипати ги коригирала градите, но не планирала да оди толку далеку како досега. Сепак, таа реши да каже да.
– Прифатив сè што ми предложи, и на крајот прифатив и брак. Тој ме запроси на првата средба, а јас сум вистинска подвижна реклама за неговата работа- вели гордата Вероника.
Дејвид не само што експериментира на жени, туку и на себе – тој ставил импланти во бицепс, трицепс, лстовите…
На новинарско прашање дали е сигурна дека сопругот ја сака, бидејќи тој веќе целосно ја трансформирал, Вероника одговара на следниов начин:
– Знам дека ме сака затоа што кога влегов во неговата канцеларија имав околу десет килограми повеќе, а тој рече дека тоа е љубов на прв поглед.