Новости

ОСТАНА БЕЗ НАЈМИЛОТО: Почиnаа неговата сопруга и бебето- потресна исповед на Јасмин чија жена почиna во седмиот месец од бременоста!

Освен што не му дозволуваа да ја гледа својата сопруга или да и носи работи кои и беа потребни, тие и го зедоа мобилниот телефон...

Наместо да се радува на улогата која го очекуваше и на бебето кое го чекаше со нетрпение, тој ги изгуби две највредн нешта во неговиот живот.

фото Фејсбук/ Мелиха Лисак

Јасмин Лисак, сопругот на 24 годишната Мелиха Лисак која почина во КЦУС пред неколку дена во седмиот месец од бременоста, ги раскажа нејзините последни денови.

Освен што не му дозволуваа да ја гледа својата сопруга или да и носи работи кои и беа потребни, тие и го зедоа мобилниот телефон на неговата сопруга Мелиха, па тој не можеше ниту да разговара со неа. Тој истакна дека едвај ги добивал лекарите на фиксни броеви.

Парот има и петгодишен син Хамза и живеат во Добриње.

фото Фејсбук/ Мелиха Лисак

– Таа се разболе пред 16 или 17 дена. Имаше болки во стомакот и грбот. Ја однесов до Зеница, тие не сакаа да ја примат. Ја прегледаа и рекоа: „Вие сте за дома, не сте за во болница“. Го имавме истиот случај и со првото дете. Имаме петгодишен син. Ја донесов дома. За два дена, нејзината состојба се влоши.

Повторно ја однесов на лекар во Зеница, направив тест за вирусот корона и таа беше позитивна. И повторно ја испратија дома. Значи, тие ја пратија позитвна на корона вирус да седи дома со мене и детето да ја преболи короната дома. Таа сè уште имаше болки во стомакот, се движеше во инвалидска количка, а на извештајот напишаа дека е подвижна и комуникативна, дека не е за во болница –  вели Јасмин Лисак за Србија Данас.

Тој додава дека лежела дома уште пет дена и секој ден ситуацијата и се влошувала.

фото Фејсбук/ Јасмин Лисак

– Отидовме приватно и направивме два наоди. Сепак, од клиниката ни се јавија за Мелиха да дојде повторно да даде крв затоа што сметаа дека апаратот не им е во ред. Матичниот лекар ни даде упат за Зеница. Морав да направам сцена за да ја оставам да лежи на одделот Ковид. Во саботата и неделата, никој од лекарите не и пришол да и ги прегледа белите дробови, да и помогне.

Во сабота велат дека состојбата и е стабилна, истото се случи и во неделата.  Во понеделникот наутро, тие ми се јавија и ми рекоа: “Твојата сопруга мора итно да биде пренесена во Сараево. Таа е во критична состојба. Мораме да ја префрлиме во нов респираторен центар во Сараево на интензивна нега”, вели Лисак, повторувајќи неколку пати дека Мелиха беше во седмиот месец од бременоста.

фото Фејсбук/ Мелиха Лисак

Тој исто така вели дека ја следел брзата помош што ја превезувала Мелиха со автомобил.

– Додека стигнав таму, тие веќе ја носеа таму. Не ми дозволија да ја видам. Прашав дали треба да и донесам нешто на сопругата, и тие веднаш и го зедоа телефонот. После тоа портирот ми рече дека немам потреба да бидам таму и ми даде телефонски броеви. Вртев неколку пати и едвај добив некој. Во вторникот попладне, ни се јави Амела Катица-Мулалиќ, раководител на клиниката за анестезија КЦУС. Лично ми се јави, ми вели дека треба да и се купи лек вреден 1.350 марки за Мелиха да „дојде на себе“,  белите дробови и беа целосно оштетени.

За еден час, го доставивме лекот до одделот. Очигледно малку и дадоа. После тоа, добиваме информација дека не и дале лек веднаш. И таа беше во критична состојба – истакна тој.

фото Фејсбук/ Јасмин Лисак

– Го најдов главниот лекар во ДИК кој ме излажа дека сопругата е во добра состојба, оди сама, дека дури оди сама во тоалет. И, всушност, сопругата имаше катетер и лежеше цело време на грб. Не сакаа да ја кренат да седи некое време, да дише. Сепак, сè се откри во понеделник, кога сопругата по-чина. Имам пораки, стигнав до телефонот. Колега и го дал тој телефон, тој лежел со неа во истиот оддел. Разговаравме, вели тој, плачеше цела ноќ, а никој не влезе во нејзината соба. Таа вели дека само Бог може да ја заштити, бидејќи никој не ја чува – рече Јасмин.

Додава дека човекот кој и го дал телефонот бил отстранет од тој оддел.

фото Фејсбук/ Мелиха Лисак

– Во 20 часот на сопругата и се слоши, ја закачија на апарати за дишење без наше знаење, потпис. Мојата сопруга беше на апарати за дишење само 40 минути. И потоа по-чина. И таа и бебето. Ни пишаа отпусно писмо од болницата и никаде нема документи од Зеница и нема наоди за тоа што сторивме.

Се качив горе кај нивната дирекција и поднесов барање да ми бидат доставени наодите, целата нејзина документација. Тие не ни ја вратија брошурата. рече Лисак…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close