Кафе муабет
Оставена после 24 години: Даниела Мартиновиќ остана со скршено срце, конечно најде сили и се огласи по разделбата со Грашо!
Реши да стави крај на гласините за разделбата...
Oткако во јавноста како бомба одекна веста за раскинувањето на Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо конечно се огласии и таа.
Имено јавноста долго ја чекаше нејзината изјава по повод раскинувањето на Петар Грашо.
Хрватската уметница Данијела Мартиновиќ и Грашо беа во врска 24 години а сега таа остана со скршено срце, откако Петар зашочна нова врска со 15 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ.
По неколкумесечен молк се огласи Даниела Мартиновиќ која реши да ги прекине гласините и да ги открие вистинските причини за разделбата од Грашо.
– Не можете да го избегнете моментот кој е неизбежен – беше искрена пејачка за хрватското издание на „Глорија“
Додаде и дека врската со Петар ја гледа како „убаво минато“.
Очигледно сплитската пејачка продолжила со животот, како и Грашо, кој е во прегратките на помладата избраничка, а додека медиумите будно ги следат нивните движења, тој се уште не проговорил ништо за новата врска.
Сите го осудуваат поради врската со Хана!
Откако Петар Грашо и Хана Хуљиќ ја открија својата врска, страстите во јавноста не се смируваат. И додека многу обожаватели на хрватскиот заводник ги следат стапките на парот, има и такви кои остро го осудуваат неговиот нов емотивен избор.
Имено, обожавателите кои навиваа Петар и Данијела, неговата поранешна девојка, со која беше во страсна романса две децении, да ја крунисаат својата врска со брак, бурно реагираа на тоа дека само неколку месеци по раскинувањето, пејачот не престанува да покажува колку е заљубен во 15 години помладата Хана.
Така, последната фотографија на Петар Грашо и Хана Хуљиќ, на која позираат среќни и насмеани, предизвика општа бура кај обожавателите, кои забележаа дека Данијела страда додека тој не ја криеше својата љубов.
Сепак, имаше и такви кои на парот му посакаа брак и долг хармоничен живот исполнет со љубов, безрезервно поддржувајќи ја нивната врска.
За потсетување, Хана и Грашо соработуваа заедно за неговата песна “Srce za vodiča” , и меѓу нив уште тогаш се родија симпатии. Како што сега пренесуваат хрватските медиуми, романсата трае веќе некое време, а Хана го придружува Грашо на речиси сите настапи.
– Хулиќ доаѓаше кај нив со години и се дружеше со нив – рече еден од соседите на Данијела. Таа додаде дека не го видела Грашо откако се оддалечил од Мартиновиќ.
– Подобро и е без него. Како жена, Даниела одлично се справува со сето тоа – вели соседот. Пејачката, вели таа, често ја гледаме во продавниците, секогаш е насмеана.