Кафе муабет

Ослабна 80 килограми, па фати дечко: Погледнете со каков фраер се појави Бојана Стаменов(ФОТО)

Не откри дали и е момче...

Бојана Стаменов јавноста ја запозна како преслатка буцка која неодамна реши да го промени својот начин на живот, да се храни здраво и да си посвети внимание на себе.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Нејзината неодамнешна трансформација е едно од најголемите изненадувања на јавната сцена и еден од најголемите подвизи.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

– Наеднаш колегите и пријателите почнаа да ми велат дека сега сум „мачка“, но сепак ми е смешно. Веројатно сега сум попривлечена, што знам. Но, јас никогаш не го правам првиот потег на полето на љубовта, мислам дека мажите се ловци кои први треба да и пријдат на една девојка, иако гледам дека денес тоа е многу променето. Не знам дали немаат храброст или жените се само многу подоминантни. Исто така, ми велат дека сум „алфа женка“, дека доминирам каде и да се појавам и дека мажите можеби се плашат да ми пријдат. Еве една порака за нив – сепак е послатко кога момчето и приоѓа на девојка отколку обратно и не плашете се бидејќи обично оние кои се најдоминантни се всушност и најнежните. Во основа сме мачки – изјави неодамна Бојана за „Стори“.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Бојана Стаменов единственото решение го пронајде во диетата која и помогна да ги надмине новите здравствени проблеми.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Имено, таа од ден на ден станувала се понервозна, најчесто без причина, шеќерот во крвта и скокнал на 30, а видот и бил заматен и не гледала добро.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Првичната идеја на оваа „дебела жена“, како што самата се нарекува, била да оди на интервенција за намалување на желудникот, за што почнала да се подготвува.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Бидејќи за операцијата морала да го контролира шеќерот и да ослабе, ја променила исхраната и почнала да вежба, а по четири месеци почнала да слабее. За краток период ослабела 30 килограми и сфатила дека намалувањето на желудникот е губење време и многу ризична работа.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Исхраната на Бојана Стаменов се состоеше од пилешко, јајца, риба, салата, овошје, сето тоа по однапред утврден режим, истовремено активно тренираше и разговараше со својот тренер дали во текот на денот била под стрес. Сето тоа заедно и помогнало да изгуби 70 килограми, со кои се пофалила со појавување на јавен настан. Речиси сите останаа без зборови кога ја видоа, а слично нешто се случи и неодамна на концертот на „Индекси“, каде поранешната „буцка“ блесна во виолетов фустан .

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Но се до сега емотивниот живот на Бојана Стаменов не бил во центарот на вниманието на јавноста, од едноставна причина што пејачката, која има ангелски глас и талент, никогаш не проговорила на оваа тема, ниту пак дала причина воопшто да се мисли дека е заљубена и дека постои некој кого го нарекува момче.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Прашања од типот дали и со кого започнала романса не беа поставени се до вчера кога поп-ѕвездата се појави на црвениот тепих рака под рака со непознат маж. Нејзината витка линија и насмевката кажаа колку Бојана е среќна и задоволна и исплнета во љубовта.ж

фото Стори.рс

Таа во интервју за медиумите, не сакаше да признае дека станува збор за нејзиниот емотивен избраник, напротив, истакна дека и се чини дека сега кога ослабе, има се помалку додворувачи .

фото Строри.рс

Со оглед на тоа што Бојана не открива дали се работи за нејзино момче, на обожавателите не им преостана ништо друго освен да се надеваат дека наскоро Бојана ќе ја официјализира врската со ова момче.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close