Дом и семејство

Осамен дедо им се јави на полицајците – Не ми треба ништо, само ако може да дојдете да наздравиме!

Приказна за еден дедо што го разнежни целиот свет

Неговото име е Фјоренцо и живее во предградие на Болоња

Овој симпатичен старец има 94 години и една ноќ пред Божиќ се чувствуваше толку осамено што реши да им се јави на карабинери. Тие беа изненадени кога Фјоренцо им кажа дека не му треба ништо, но дека би сакал, ако некој може да помине на десетина минути за да наздрават заедно.

По некое време карабинери (претставници на единица од воената полиција во служба на јавната безбедност во Италија) тропнаа на неговата врата, наздравија, се фотографираа и му помогнаа преку видео порака да се слушне со своите роднини кои живеат далеку.

Оваа приказна заврши на насловните страници во медиумите, како во Италија така и во целиот свет.

Карабинерите се вратија следниот ден и на господинот му однесоа фотографија во рамка што ја направиле претходната вечер.

Бев возбуден, тоа за мене беше магија, изјави Фјоренцо, кој е речиси стогодишен ветеран од Втората светска војна.

Приликата беше предобра за Малаволти Фјоренцо, кој реши да ја искористи можноста и да им ја раскаже на карабинерите анегдотите од својата младост и неговата кариера за време на Втората светска војна.

„Горди сме што успеавме да го подариме еден ваков прекрасен Божиќен подарок“

Старецот им објаснил дека неговиот свекор, маршал по име Франческо Сфераза, имал чест да командува со касарната во Порета Терме, мало гратче кое се наоѓа во нивна близина. Зградата од оваа касарна денес веќе не постои, бидејќи беше уништена во бомбардирањата за време на војната.

По сите овие спомени, старецот можеше да оствари и видео повик и да се види со своите роднини, а карабинерите цело време беа покрај него. Еве го и моментот што тие самите го овековечија објавувајќи ја фотографијата со чашката на пријателството на нивната Фејсбук страница.

„Горди сме што успеавме да му го подариме овој прекрасен Божиќен подарок на овој човек“, заклучуваат војниците во својата порака.

Поради кризата што ја предизвика пандемијата и рестрикциите во патувањата што во Италија ќе траат за време на празниците, многумина останаа само во своите домови, бидејќи нивните семејства не можеа да дојдат и да ги посетат. Па така дури и папата Франциск ги потсети сите да не ги забораваат болните и осамените за време на божикните и новогодишните празници.

Па, ве молиме споделете го овој текст со цел и сите ние да не ги заборавиме старите и болните што ги познаваме, да не потсети дека деновиве треба да им се јавиме и да им ја честитаме Новата година и Божиќ.

Тоа на некои би можело многу да им значи, да им даде надеж и утеха во овие тешки времиња за кои се надеваме дека во следната година ќе останат зад нас.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close