Кафе муабет

Операцијата беше неизбежна, семејството постојано се молеше за Билјана Јевтиќ- еве што вели Аца Илиќ

Сега се чувствува добро...

Пејачката Билјана Јевтиќ пред неколку години преживеа вистинска драма, а иако немаше класичен и многу болен напад, кој често го предизвикува присуството на камења во жолчката, мораше да се оперира за да избегне посериозни компликации.

фото Фејсбук/Билјана Јевтиќ

При лапароскопската процедура, со која и се извадени жолчното кесе и неколку камења, се покажало дека овој орган бил под воспалителен процес, како и притискање на црниот дроб, пренесува „Свет“.

фото Фејсбук/Билјана Јевтиќ

– Не почувствував силни болки, барем не последниот пат, бидејќи со овој здравствен проблем се справувам речиси цела деценија, а поради тоа два пати завршив на Итна помош. Но, сега мојот доктор како да претчувствуваше, рече дека е подобро да ме оперира иако се чини дека се е во ред. Дури и резултатите од лабораториските анализи беа добри, па ништо воопшто не укажуваше на можен проблем. Се покажа дека жолчното кесе е воспалено, како и дека врши притисок на други органи, пред се црниот дроб. Секако, ми олесна кога сфатив дека избегнав некои сериозни компликации – изјави Билјана Јевтиќ, по операцијата.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

По операцијата веднаш била пуштена на домашно лекување. За неа цело време се грижеа синот Иван и сопругот Александар.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

Две недели била на посебен режим на исхрана, а потоа им се вратила на секојдневните обврски и на пеењето, бидејќи веќе имала закажани настапи.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

-Аца навистина се грижеше за мене, иако и јас го чував минатата година кога тој беше подложен на истата процедура. Само, неговиот случај беше потежок и посериозен од мојот, му беа извадени 36 камења од жолчното кесе. Додуша беа кружни, а моите иако многу помали се многу остри, па не се безопасни, иако ги имаше само три. Можеше да биде особено лошо ако случајно се заглавеле во жолчниот канал, бидејќи тоа може да биде исклучително болно. Фала му на Бога, тоа не ми се случи. Сега јас и Аца имаме „колекција на скапоцени камења“, како што на шега велиме за овие сувенири од болница.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

Биља сега со насмевка на лицето се сеќава на немилиот настан, со оглед на тоа дека се поминало во најдобар ред, па ги советува сите редовно да се проверуваат бидејќи таа е примерот дека иако изгледа се како што треба, всушност не е.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

Инаку популарната естрадна двојка Билјана Јевтиќ и Аца Илиќ важи за една од најхармоничните на јавната сцена, во брак се повеќе од 30 години, а круна на нивната љубов е синот Иван.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

По борбата на Биља и Аца за потомство, Иван се роди во 1999 година, а брачната двојка покрај работните обврски на прво место ги става потребите на синот. Тие се посветени на своето единствено дете на кое се бескрајно горди. Иако е дете на познати и успешни родители, тој секогаш се трудел да живее скромно, а барем засега не го привлекува животот пред камерите, туку се посветил на студиите и е апсолвент на Правен факултет во Белград.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

Билјана во една прилика откри дека Аца и таа подеднакво се вклучени во одгледувањето и воспитувањето на синот, но дека таа е построга. Исто така, славниот пар откри дека нивниот син е музички талентиран како неговите родители, но дека се уште не размислува да тргне по нивните стапки.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

– Синот Иван порасна во момче, не е срамежлив, но не сака премногу да се експонира со нас. Музикален е, добро пее, кога беше помал учествуваше на некои натпревари, но поп не го интересира. Тој ќе избира што ќе прави, а сега најмногу го интересира историјата. Мило ми е што во налетот на квази-песните, мојот Иван слуша квалитетна музика, домашна и странска, без разлика на жанр. Има одлично уво, знае да процени кој добро пее или свири. Слуша и народна музика, знае многу авторски композиции. Верувајте ми, тој знае повеќе песни од татко му. Се случувало Аца да му се јави на телефон од настап и да го праша за одредена песна, како оди – откри пејачката.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

– Ние сме обично семејство. Меѓутоа, времињата се такви што нормалноста е ставена во втор план и речиси сите копнееме по неа. Денес, ако нема разводи, скандали или тепачки, медиумите нема ни да ве погледнат, а ние не ни помислуваме да измислуваме такви работи за да бидеме „мегаексклузивни“. Впрочем, тоа би било против нашето воспитување и морал. На возраст сме кога ни треба мир – скромен беше Аца Илиќ.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close