Кафе муабет
Од гостинка во емисија до најпозната водителка во регионот: Нема да верувате како Сања Кужет ја започна својата кариера- ОВА НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕШЕ ЗА НЕА
Таа му е благодарна на Огњен...
Водителката Сања Кужет долги години е пред камерите и важи за една од омилените водителки во регионот.
Имено може да се каже дека таа е и заштитен знак на Ѕвездите на Гранд кои ги води од првата сезона.
Сепак интересно е што нејзината кариера и работата како водителка започнала благодарение на Огњен Амиџиќ а неодамна таа сеприсети на своите почетоци и окри како всушност се нашла во водителските води.
Имено, таа гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ каде откри се за тоа. Сања ја прослави Огњен, кој потоа ја водеше утринската програма и тоа на многу интересен начин.
– Коцките малку се споија и потоа се случи чудо, на телевизијата и треба чудо, тоа ми се случи кога за прв пат зачекорив во вашето студио – му се обрати Сања на Огњен.
– Извинете, што зборувате – се замеша Воја.
– Во мојата утринска програма пред 20 години – додаде водителот.
– Кога за првпат влегов во вашето студио како гостин, сите улици кај Автокоманда беа поплавени, па малку задоцнивте на работа. Тогаш моите драги колеги само ја закачија бубицата и ми рекоа: „Можеш ли само да го замениш Огњен?“, велам: „Но, јас сум гостин“, ми велат: „Не е важно, само кажи нешто , додека не дојде, сега ќе стигне“. Така ми се случи чудо и ти си ми благодарен до крајот на животот, затоа што те спасив. Така започна мојата кариера – објасни Сања.
-Таа мене на секое снимање на „Ѕвездите на Гранд“ ми вели: „Фала Огњен“ – се насмевна Воја.
Публиката особено ја сака бидејќи е секогаш насмеана и позитивна, а на тоа секако и претходи среќен и исполнет приватен живот.
Познато е дека со години ужива во хармонична врска исполнета со љубов и дека има две деца.
Сепак, нејзиниот партнер ретко се експонира во јавноста, а Сања во неколку наврати изјави дека не сака да меша приватно и бизнис.
‒ Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е наша заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да давам премногу од себе во јавноста – рече таа во една прилика.
Сања, исто така, смета дека потписот на хартија не е пресуден за среќа, бидејќи таа веќе била во брак.
‒Хартијата не ни менува ништо, а можеби тоа е добро, од психолошка гледна точка. Откако ќе поминете низ сето тоа, сфаќате дека бракот не е пресуден за среќата. Мислам дека децата се најголемото богатство и она што понатаму не обединува Немања и мене. Не е примарно, но дефинитивно дополнително. И тоа е најважно во овој момент – изјави еднаш Сања.
Она што се знае за нејзиниот партнер е дека тој е Немања Живојиновиќ, маркетинг директор на автомобилска компанија и дека заедно имаат син. Сања го има синот Андрија од претходниот брак со член на обезбедувањето на сопственикот на ТВ „Пинк“, Жељко Митровиќ, Зоран Пипер.