Дом и семејство

ОДЛУКА која сите ја чекавме! Душко Тошиќ се врати во Белград, НАПРАВИ ПОТЕГ и објави се (ФОТО)

Парот ги смири страстите?!

Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ после скандалот на Божиќ, е главна тема во медиумите.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сепак, и покрај тоа што не откриваат во какви односи се по караницата сепак Карлеуша за денот на вљубените сподели фотографија која беше навестување дека сепак успеале да најдат заеднички јазик.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша
фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Имено, Јелена за Денот на вљубените доби еден куп букети со рози кои буквално и го преплавија домот.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Со широка насмевка на лицето таа позираше во море од цвеќиња, а многумина во овој подарок го препознаа џентлменскиот гест на Душко Тошиќ.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Иако тогаш не беше во Србја сепак многумина мислеа дека тоа е негов начин да ја смири ситуацијата со сопругата и да подготви терен за разговори и прва средба по конфликтот.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ трае веќе тринаесет години, а судејќи според последните најави на Јелена Карлеуша, двајцата сопружници имаат иницијатива да го решат конфликтот и да започнат љубов од почеток.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сега одлуката на Душко Тошиќ да се врати во Белград, како и деталите од врската со сопругата, конечно излегоа на виделина.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Поминаа речиси два месеци откако Душко го напушти семејниот дом на Дедиње, поради забраната за приближување кон сопругата Јелена, која истече по 30 дена. Но, Душко после тоа остана во Турција.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Бидејќи сега работи како фудбалски менаџер, остана во Турција додека не ги направи сите планирани трансфери, а сега конечно се врати во Србија.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Одлуката на Душко Тошиќ да се врати не беше тајна, па објави фотографија од дербито, на која се гледа како воодушевено ја бодри Црвена звезда.


Што се однесува до односот со сопругата, по се изгледа дека се е во ред. Конфликтите се расчистени, а семејството Карлеуша-Тошиќ е подготвено да започне нови денови посветени на нивните сакани Атина и Ника.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

За потсетување, неодамна се појави приказна дека спортистот наводно си нашол нова љубов, па го поврзаа со ќерката на Соња Вуксановиќ и Жељко Сашиќ, Софија Сашиќ.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

За ваквите написи коментираше и Карлеуша која рече дека е шокирана од тврдењата дека нејзиниот сопруг бил во тајна врска со Софија:

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Секако, апсолутна лага е дека Душко е во каква било врска со малата Софија Шашиќ, која многу добро ја познавам, имам одличен однос со неа, нејзината мајка Соња, таткото Жељко и овие болни гадости, без никакви докази, многу ги повредија сите – напиша поп дивата на својот Инстаграм.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Во јавноста се појави веста дека наводно Софија и 15 години постариот Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга, на што Софија рече:

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Сите тужби се поднесени, така што нема потреба од дополнителен коментар. Ако сакате да напишете нешто за мене, мојата работа и брендот, јас сум секогаш тука – истакна накратко Софија.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ
фото Инстаграм/Софија Сашиќ
фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close