Кафе муабет
Огнен Здравковски клекна на колена пред водителката од Канал 5- ја побара за жена убавата Ивана но се шокираше од нејзиниот одговор
Се пошегуваа...
Огнен Здравковски, внукот на покојниот виолинист Зоран Џорлев, на јавноста и стана познат по учеството на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.Тој во истоименото шоу под менторство на Марија Шерифовиќ стигна до финалето.
Тој неодамна гостуваше во емисијата „G Carpet“, односно беше дел од рубриката која ја подготвува познатата водителка Ивана Јанковска.
Во нивниот разговор за кариерата, неговите планови во иднина, љубовта Огнен откри интересни детали но на крајот се случи нешто што никој не го очекуваше.
Водителката смисли интересен предизвик за пејачот, па така Огнен не можеше да побегне и одговори одлично на поставениот предизвик.
Ивана го натера пејачот да ја запроси, и да покаже како би го сторил тоа кога до него би била онаа вистинската.
Имено Огнен ја запроси Ивана на Матка. Клекнат на колена го постави прашањето: Дали ќе се омажиш на мене? на што водителката одговори со доза на хумот.
-Кај најде баш тука на Матка да ме запросиш, по тренерки,па не ми се направени ноктите…
На ова сите се насмеаа а Огнен повторно мораше да го повтори предизвикот.
Ова младо русокосо момче порана во музичко семејство. Неговата мајка е познатата оперска пејачка Софија Џорлева, сестра на маестро Зоран Џорлев.
Огнен Здравковски реши да тргне по чекорите на членовите од неговото семејство, а се прослави во „Ѕвездите на Гранд“.
Тој во ова музичко шоу беше дел од екипата на Шерифовиќ и стига до самото финале во натпреварот.
Марија не криеше дека Огнен е еден од нејзините омилени пејачи во групата, а набргу по натпреварот на сите н стана јасно зошто е тоа така. Имено, Огнен ги оправда очекувањата на својата менторка, а подоцна се спријатели и со Саша Ковачевиќ кој неодамна јавно го поддржа, изјавувајќи дека цврсто верува во неговиот музички талент кој е неприкосновен.
Младиот пејач објави неколку генијални синглови, а во една прилика кажа дека негова желба е да снима дует со Саша Ковачевиќ.