Дом и семејство
Овој фраер е најголема поддршка на Карлеуша: Неразделни се, го нарекува брат а се појави и во нејзин спот (ФOTO)
Многу го почитува...
Јелена Карлеуша често е во центарот на медиумското внимание, но не ги изложува членовите на семејството во јавноста па така ретко кој знае дека поп дивата има братучед за кој често истакнува дека го сака како роден брат и дека е нејзина најголема поддршка.
Популарната пејачка Јелена Карлеуша со години го привлекува вниманието не само во Србија туку и пошироко од границите на нејзината земја.
Таа многупати досега го шармирала регионот со своето провокативно облекување, видеа кои секогаш се чекор пред времето.
Оние кои ја сакаат не ја пропуштаат можноста не само да ја слушаат, туку и да ја видат па нејзините видеа се меѓу најгледаните на социјалните мрежи.
Сепак, она што ретко кој го знае е фактот дека во еден од нејзините спотови учествувал братучедот, син на нејзината тетка, кого после тоа речиси никогаш немавме можност да го видиме во јавноста.
Јелена честопати во јавноста истакнуваше дека нејзиното семејство е на прво место, а нивната поддршка и е многу важна. Токму затоа таа се обидува да се погрижи нејзините најблиски да бидат секогаш тука, во нејзината околина.
Меѓу нив е и нејзината тетка Данијела Димитровиќ, која и е огромна поддршка, особено откако почина нејзината мајка Дивна.
Пејачката не криеше колку е врзана за неа, како и за нејзиниот братучед Марко, кој дури се појави во нејзиниот спот за песната „Само за твоје очи“.
Поминаа повеќе од дванаесет години а од тогаш Марко многу се промени.
Сепак, не се знае многу за животот на Марко, а снимањето на ова видео иако беше ново искуство сепак не го привлече кон правецот на музиката со која се занимава неговата роднина.
Наместо тоа, Дмитровиќ денес е горд љубител на метал и рок музиката, иако многу ја почитува големата кариера на својата братучетка Јелена Карлеуша.