Кафе муабет

Овој пат е дефинитивно: Рада и Харис донесоа конечна одлука- сите молитви вродија со плод!

Повторно се заедно...

По одлуката да ја прекинат долгогодишната врска, Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ често се соочуваа со прашањето дали ќе се предомислат по тоа прашање и ќе и дадат втора шанса на љубовта.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Романсата на Рада и Харис според фановите на музичката двојка, не требаше да биде осудена на пропаст, затоа не е чудно што надежите за помирување никогаш не избледеа.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Се чекаше долго време, а судејќи по најновите фотографии од поранешните љубовници, изгледа дека конечно се случи помирувањето.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Имено, пејачката и пејачот пред неколку дена заедно настапија во Шведска што не беше нивна практика додека беа емотивно разделени.

фото принтскрин

Во паузите на настапот тие го исполниле барањето на една обожавателка да се сликаат со неа, а во таа прилика биле снимени нивните насмеани и очигледно заљубени лица. Заклучокот дека поранешните љубовници решиле да и дадат уште една шанса на својата врска беше очигледен, а факт е дека ништо не ги спречува да продолжат таму каде што застанале.

фото принтскрин

Никогаш немало лоша крв меѓу нив, не се склони кон кавги, навреди и друго, особено не медиумски, а сето тоа е доволно добра почетна точка кога станува збор за обновување на љубовта. Се очекува Харис наскоро да ги префрли своите работи во станот на Рада а можеби овојпат двајцата да стигнат до олтарот, на што многумина се надеваат.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Родителите на емотивните партнери посебни надежи полагаат во венчавката на пејачката и музичарот, кои со воодушевување ја прифатија веста „Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ се помириле“.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Се чини дека овој пат Рада и Харис имаат значителна поддршка од обожавателите и најблиските да продолжат во ист ритам.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Се смирија Рада и Харис. Сите се пресреќни поради нив, бидејќи вистински се сакаат и не можат еден без друг. Љубовта победи, а сега сите ја очекуваат таа фамозна венчавка, а потоа и принова, се е во ред – откри неодамна извор близок до парот.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

Се шпекулираше и дека само еден месец по раскинувањето со Рада, Харис си фатил нова девојка која била петнаесет години постара од него, но тој не се огласи по ова прашање. Што е вистина останува да видиме со текот на времето…

фото инстаграм/Харис Берковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close