Новости

ОВОЈ МАТЕМАТИЧАР ПРЕДВИДЕ СЕ ВО ВРСКА СО КОРОНАВИРУСОТ- Сега открива кога ќе биде крајот на пандемијата!

Според овој математичар крајот на пандемијата од Ковид-19 ќе биде во 2022 година

26 годишниот Лутајс Мекеш е математички научник кој уште на почетокот на коронавирусот предвиде што ќе се случува во светот.

Овој математички генијалец, за кој тврдат британските медиуми дека непогрешливо предвиде сè во борбата на човештвото против коронавирусот уште од март е доктор на науки и професор по математика на Универзитетот во Лестер.

Шкотлаѓанецот Лутајис сега шокира со нови тврдења за тоа што не очекува во 2021 година според неговите математички модели.

„Ништо добро. Во февруари ќе нè погоди нов бран, исто толку жесток како овој. Карантинот повторно ќе се воведе на почетокот на летото и ќе трае до Нова година. Нема друг начин и политичарите ќе го видат тоа.  „Уште во март реков дека ќе имаме ужасни проблеми со коронавирусот две години и како што стојат работите сега, ние се движиме кон тоа“, вели Мекес, пренесува Дејли Стар.

Поради хронично заболување кое го става во групата на ризични лица, тој ретко излегува од својот дом од март, откако започна европската епидемија на коронавирус.

И, тој знаеше што не чека.

Според него луѓето се виновни што го достигнавме овој разорен втор или трет бран, како кој го третира.

foto inz.ba/

 

„Коронавирусот ќе ги обликува нашите животи на ист начин и ќе ни создаде огромни проблеми уште две години. Значи, до средината на 2022 година, не гледам решение. Не со вакцини. Прво, затоа што дури и да се појават, и верувам дека наскоро ќе се појават, не сите ќе бидат вакцинирани. „Второ, ако одредена, голема група на луѓе од целиот свет не бидат вакцинирани, коронавирусот ќе продолжи да циркулира на повеќе или помалку деструктивен начин“, тврди Мекеш.

Тој посочи дека отсуството на постојан карантин или целосно „заклучување“ во 2020 година не стави сите на колена пред вирусот. Еве го неговото главно предвидување.

„Единствениот начин на кој знам дека е невозможен, но единствениот начин да се искорени коронавирусот е да се биде во колективен карантин буквално 12 месеци следната година. Бидејќи е реално невозможно да се воведе, короната ќе биде присутна во нашите животи за уште 2 години. Дури и со вакцинација. До летото имав математички модели кои сто посто беа на место. Есенва видов многу луѓе во Европа кои ги игнорираат мерките и тоа ме натера да создадам нов модел на „однесување“ и моите фигури велат дека нема да има мир до средината на 2022 година “, вели Мекеш.

foto jutarnji.hr/

 

Според него само колективен карантин би можел да биде спас од коронавирусот.

Јас не сум вируолог или епидемиолог, туку научник кој ги набљудува бројките и реакциите на луѓето кога ќе се донесе нова владина одлука. Според она што го гледам сега, а тоа е дека огромен број луѓе во Велика Британија и Европа се лути на новите мерки и не секој носи маски и не ги почитува правилата, јас воопшто не сум оптимист“, додаде тој.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close