Новости
Овој доктор го освои срцето на поранешната министерка за финансии: Нина сподели убави вести, честитки добива од сите страни
Таа блеска...
Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска по завршувањето на политичката кариера максимално ужива во животот, а тоа воопшто не го крие од очите на јавноста.
Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, реши да нарави пауза и да му се посвети на уживањето.
Оние кои ја следат на социјалните мрежи можат да видат дека Нина постојано патува и максимално е посветена на себеси.
Иако доста млада, Нина може да се пофали со многу успешна кариера зад себе.
Таа е соосновач и била на чело на првата платформа за зделки и водечка компанија за е-трговија во Македонија, Grouper.mk, лансирана во 2011 година што го трансформирање пазарот за е-трговија. Покрај тоа, таа работела како консултант за развој на бизнис, дигитална економија и е-трговија.
Таа го иницирала формирањето на Првата македонска асоцијација за е-трговија каде што служела како претседател до влегувањето во Владата.
Во 2016 година Ангеловска била признаена како една од 100 жени основачи во Европа, листа составена од германскиот стартап магазин Хундерт. Во 2018 година била именувана за Форбс 30 под 30 години во е-трговија и трговија на мало за Европа. Во 2019 година UNCTAD ја признал како една од седумте глобални застапнички за жени во е-трговија.
Во август 2019 година, Ангеловска била назначена за министер за финансии во Македонија. Таа била назначена од премиерот Зоран Заев, кој претходно ги изненадил критичарите, преземајќи ја и финансиската улога покрај улогата на премиер.
Освен што е успешна во својата професија, таа е подеднакво посветена и на приватниот живот. Пред неколку дена Нина сподели низа фотографии со својот сакан, Виктор Стаков кој е доктор по професија.
Со оглед на коментарите кои се редеа а и прстенот кој блесна на раката на поранешната министерка изгледа дека таа се верила.
Во коментарите се редеа честитки а не изостанаа и оние каде Нина добива комплименти дека блеска и изгледа среќно.