Кафе муабет

Овој бизнисмен е момчето со кое Карлеуша го преболи разводот: “Конечно сум сакана”

По разводот со Бојан Кариќ беше со овој бизнисмен...

Нема ден а Јелена Карлеуша да не се најде во медиумите, било тоа да е поради нејзиниот љубовен живот, нејзиниот стајлинг, интригантна изјава итн.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

За нејзиниот љубовен живот се пишува на големо уште кога стапна на јавната сцена. Јавноста е запознаена дека Карлеуша своевремено беше кратко во брак со Бојан Кариќ од кој се разведе во 2005 година.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша, еден од наследниците на богатата династија Кариќ, сега живее далеку од очите на јавноста а беше особено интересен за медиумите поради бракот со пејачката.

фото архива

За пејачката почетокот на 2005 година, поточно месец март беше мошне тежок. Таа се разведе од првиот сопруг Бојан Кариќ по само три месеци брак, а овој развод беше проследен со медиумски линч.

фото архива

Јелена тогаш тврдеше дека за нивниот развод е виновен вујкото на Бојан, Богољуб Кариќ. Таа во својата колумна за Ало потоа ја откри својата страна на приказната и деталите од животот во семејството Кариќ.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

-Само што почнав да се забавувам со Бојан, бев баниранa на БК телевизија, албумот кој тогаш излезе за БК беше „замрзнат“, а навредите на семејните ручеци беа секојдневни. Сите седиме и јадеме супа во тишина, додека овој ми се*е по глава како „работам против семејството“ и дека само чека „писмени докази““, ја започна тогаш својата исповед Јелена, а потоа откри што се случувало понатаму:
Го чукнав Бојан со лакт, за да ме одбрани од нападот на вујко му, а тој молчи. Молчеше додека не се измисли познатата афера „Телохранител и ЈК на задното седиште на Хамер“. Какво холивудско сценарио, да речеме? Се разведовме по три месеци брак.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Сепак, се чини дека романсата во која таа се впушти неколку месеци подоцна, но за која се уште сведочи насловната страница на магазинот Глорија, падна во заборав.

фото принтскрин

– Заљубени сме – пишувало покрај фотографијата на Јелена Карлеуша и Владан Мариќ, бизнисмен од Белград, кој претходно бил поврзуван со некои популарни тогашни девојки.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Дечкото на Јелена Карлеуша дошол во период кога таа верувала дека нејзиниот живот се претворил во емотивна руина.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

‒ Во Будва не пречека Дарко Костиќ. Освен што беше болно убав, Влада ме освои и со неговиот сензибилитет, фини манири и заштитнички однос. Но, не му беше лесно да ме добие. Лавовски се бореше за мојата наклонетост.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Како плус во врската, музичката ѕвезда го истакна фактот дека и двајцата се Лавови во хороскопот, поради што толку добро се согласуваат.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

‒ Се разбираме речиси на телепатско ниво, па кога сме заедно, уживаме во секоја ситница. Ни се допаѓаат исти работи и го доживуваме светот на идентичен начин. Бидејќи нашата врска е сè уште на почетокот, најлудото време за нас е кога сме сами. Не се криеме од јавноста, но не излегуваме често бидејќи најмногу уживаме заедно – рече Јелена тогаш за Hello!.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Самата Јелена веројатно не се сеќава кога и како заврши таа романса, а останаа само нејзините зборови од периодот кога процвета љубовта:

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

‒ Конечно сум сакана онолку колку што мислам дека заслужувам. До Влада се чувствувам обожавано и заштитено, што одамна не сум го доживеала. Тој е мелем за моите љубовни рани од минатото. Паѓам на дотерани и воспитани мажи кои пукаат од самодоверба. Само човек сигурен во себе може да ме задржи, рече тогаш Карлеуша.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close