Кафе муабет
Ова се случува на секои 13 години: Од 12 ноември подгответе се за промени- внимавајте да не погрешите!
Бидете подготвени за промени
Ноември е месецот за нови надежи, и успеси. Сега имате можност, повеќе од кога било да постигнете сè што сакате, но треба да се прашате дали сте подготвени за тоа?
Спојот на Јупитер и Плутон се случува на секои 13 години, а во 2020 година бевме сведоци на три такви феномени, а последниот не чека на 12 ноември 2020 година.
Ова треба да биде време на големи достигнувања и успеси што ве прават среќни и задоволни и во иднина.
Поврзувањето на Јупитер-Плутон најмногу влијае врз потребата да бидеме прифатени и препознаени. На овој ден ќе посакате моќ и влијание, ќе создадете амбициозни планови за успех на повеќе нивоа. Големите амбиции ве прават да бидете решени и истрајни, но и немилосрдни.
Падовите и неуспесите не можат да ве одвлечат од вашата цел, бидејќи во секој предизвик гледате можност да се подобрите и уште еднаш да покажете колку сте способни. Постојан развој и прилагодување се вашиот пат кон просперитет.
Успехот и натпреварувачкиот дух се одлични , но само ако сме подготвени на духовно ниво, бидејќи тогаш егото се зголемува и може да се случи лош пресврт.
Бидете горди на вашиот успех, но не губете го чувството за другите луѓе и нивните потреби. Не се откажувајте од приватниот живот толку лесно, бидејќи само вистински пријатели, отворена врска со партнерот и среќен дом се работи што можат да ви донесат вистинска среќа и надеж за понатамошен развој.
Јупитер заедно со Плутон ќе донесат надеж за поголеми цели, но важно е самите да ги распределите приоритетите. Успех во бизнисот, патувања, напредување во кариерата – ова се само некои од можностите што ги отвора овој транзит.
Обидете се да не подпаднете на негативните мисли, не станувајте себични и егоцентрични. Појдете на јасен пат до успехот и користете само морални средства. Инаку, лошата карма наскоро ќе ви се врати како бумеранг.
Не заборавајте на духовните вредности.
Извор.Ало.рс