Дом и семејство
ОВА СЕ СВЕКОРОТ И СВЕКРВАТА НА АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ: Еве со што се занимаваат родителите на зетот на Цеца
Немања и Анастасија го очекуваат првото дете...
Небојша и Оливера Гудељ, родителите на фудбалерот Немања Гудељ, се идните свекор и свекрва на познатата пејачка и наследничка на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ.
Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ ја заинтригираа јавноста со својата врска уште од самиот почеток а особено сега кога се дозна дека ќе станат родители.
Анастасија моментално е бремена во четвртиот месец, а бебето ќе се роди на почетокот на октомври.
Како што пренесуваат медиумите, младиот пар планира да организира интимна венчавка само за своите најблиски роднини и пријатели во јули оваа година во Севиља, а следната година ќе следи гала венчавка и црковна венчавка.
Идните свекор и свекрва на Анастасија не сакаат претерано да се експонираат во јавноста.
Небојша по потекло од Требиње, кариерата ја започна во Босна од каде дојде во Партизан каде помина цели три години.
Во текот на својата фудбалска кариера играше и за шпанските клубови Логронес и Леганес. Девет години помина во Холандија каде ги бранеше боите на Бреда за која одигра дури 300 натпревари. Кариерата ја заврши во Спарта во 2006 година.
Таткото на Немања и по кариерата остана во светот на фудбалот. Моментално е технички директор на кинескиот клуб Хубеи Истар.
Како што во една прилика откри Небојша, столбот на семејството Гудељ е неговата сопруга Оливера, која носи се на свои раменици, почнувајќи од тренинзите, патувањата и карантинот на Небојша, па завршувајќи со воспитувањето на нејзините три деца, кои ги изведе на прав пат речиси сама.
Дека Оливера и е многу важна на Небојша и дека и е благодарен за се, покажуваат и сликите на неговиот Инстаграм, каде често ги објавува фотографиите со својата сопруга. Долго време се шушкаше дека свекрвата не ја прифатила веднаш новата снаа, и дека ја отследила од Инстаграм. Сепак, се чини дека во новите околности владее хармонија меѓу двете страни пренесува blic.rs.