Новости

Ова се обичаите за големиот христијански празник – Бадник!

Бадник е најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празник...

Бадник или Коледе — денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според јулијанскиот календар, по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари.

фото архива

Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

фото архива

Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат грегоријанскиот календар го прославуваат на 24 декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со Бадниковата вечера.

Бадник е најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празник.

фото архива

На Бадник во домашното огниште се пали бадниково дрвце, кое претставува симбол на светлината и топлината, кои треба да ги греат и зближуваат членовите на семејството.

Иако овој ден се смета пред се за христијански празник, народот го прославувал на начин кој тешко може да се окарактеризира како христијански. Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.

фото илустрација

Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината.Еве некои од тие стари народни обичаи кои и до ден денес некаде се почитуваат:

фото архива

На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено, не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе, на Бадник ништо не треба да се позајмува, а она што е претходно позајмено, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што и припаѓа на куќата да биде надвор од неа за Божиќ. Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година.Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.

фото архива

Според Библијата, Исус е Син Божји, кој го родила девица Марија, со безгрешно зачнување по пат на Светиот дух, во градот Витлеем. Бидејќи во Новиот завет не се наведува точното раѓање на Исус, првите христијани не го славеле Божиќ, туку само Велигден. Божиќ почнал да се слави во Рим во 354 година, според многу извори, на денот кога претходно се славело раѓањето на римското божество на сонцето. Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. На Божиќ му претходи четириесетдневен пост. Луѓето на Божиќ се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close