Кафе муабет
Ова признание е за сите нас, за сите борци – ПЕЈАЧКАТА РЕБЕКА НАГРАДЕНА ЗА ЖЕНА НА ГОДИНАТА
Ова е признание за цело општество...
Македонската позната пејачка Ребека Јанковска Ристеска со музика започнала да се занимава д многу рана возраст, за до ден—денес позади себе да има успешна кариера и хитови кои се пеат.
Фото:Фејсбук/Ребека Јанковска Ристески
Љубовта кон музиката ја има наследено од нејзиниот татко Благоја.
Паралелно со музиката Ребека се посветила на студиите по новинарство, па во неколку наврати приготвувала прилози за програмата на Македонската Радио Телевизија.
Има работено и како радио-водител на скопските радио-станици Пинк, Мега и Стар ФМ, за кои подготвувала утрински емисии.
Во последниве години Ребека музиката ја замени со хуманитарна и социјална работа. Имено, таа е основач на здружението ,,Дајте ни крила” и преку него се залага за децата со ретки болести.
Ребека, како една од основачите и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, направи многу за да се подобрат условите за живот на лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби, а најмногу за тоа, многу од нив да ја добијат потребната, најчесто прескапа тер-апија која се најде на позитивната листа на ФЗО.
Вчера, во Музејот на македонската борба се одржа изборот ,,Жена на годината за 2022 година”.
Целта на овој настан е да им оддаде почит и признание на жените кои се гласни, инспиративни и кои постојано придонесуваат за општественото живеење.
Фото:Фејсбук/Ребека Јанковска Ристески
Помеѓу наградените жени беше и пејачката Ребека Јанковска Ристески на која и беше доделена наградата ,,Жена со посебен придонес во општеството’’.
Фото:Фејсбук/Ребека Јанковска Ристески
Во нејзиното обраќање таа се заблагодари до сите кои ја поддржуваат. Признанието го посвети на сите борци, мајка и татковци кои секојдневно се соочуваат со многу предизвици.
,,Благодарност до сите мои соборци, до целото мое семејство и до сите оние кои ја препознаа мојата искрена борба за сите лица со попреченост. Да сте ми живи и здрави! Слава на Бога за се! Мисијата продолжува! Одиме понатаму “, напиша Ребека на Фејсбук.
Фото:Фејсбук/Ребека Јанковска Ристески
Кон честититките се приклучи и нејзиниот сопруг кој сподели емотивна објава.
Милан Ристески напиша:
Во организација на Жени Претприемачи, во Музејот на Македонската револуционерна борба, денес се одржа петтото издание на изборот на Жена на годината. Во избор на 10 категории, со преку 400 номинирани жени, а во категоријата Најголеми достигнувања во развојот на општеството, мојата љубов, од 4 жени во истата категорија, според избор на ФБ гласачката популација, ја освои наградата за Најголеми достигнувања за општеството, за што цели 15 години напорно работи, жртвувајќи ја свесно својата кариера. Горд на Ребека!
Фото:Фејсбук/Ребека Јанковска Ристески
Инаку, ова е петто издание на Изборот на жена на годината.
Секоја година се номинираат и избираат жени во неколку категории кои создаваат, оставаат трага и се од полза за општеството во кое живееме.
Фото:Фејсбук/Ребека Јанковска Ристески
Фото:Фејсбук/Ребека Јанковска Ристески