Кафе муабет

Ова никој не го очекуваше: Саша Ковачевиќ прозборе за врската на Богдан и Цеца- тој е во врска со неговата поранешна сопруга и открива се за нивниот однос!

Ковачевиќ вели дека најважно е тие да се среќни!

Богдан Срејовиќ, новото момче на Цеца Ражнатовиќ, има ќерка Искра за која е многу приврзан а претходно беше оженет со Зорана Тасовац, сегашната девојка на популарниот пејач и миленик на женската публика Саша Ковачевиќ.

Богдан и Зорана се разведоа пред пет години. По разводот и краткиот брак, добро се согласуваат, често се гледаат, најмногу заради нивната наследничка.

Пејачот ја откри врската помеѓу неговата емотивна партнерка и нејзиниот поранешен сопруг.

– Зорана и Богдан отсекогаш биле и остануваат во одлични односи. Не го коментирам тоа затоа што не сакам да се мешам во туѓи животи. Многу ми е драго ако тој и Цеца се за заљубени,  тоа е најубавото нешто што може да му се случи на мажот покрај децата – истакнал Саша Ковачевиќ за порталот „Србија Данас“.

Да потсетиме, Цеца Ражнатовиќ започна врска со Богдан Срејовиќ кој е осум години помлад од неа и  е поранешен сопруг на Зорана Тасовац, сегашна девојка на Саша Ковачевиќ со кој аја има ќерката Искра.

Инаку Цеца сиве овие години го држеше во тајност љубовниот живот, но сега и насмевката на лицето вели дека е среќна и исполнета.

Иако многумина коментираа бидејќи тој е осум години помлад од неа, пејачката воопшто не се грижи за коментарите од останатите.

Дури и тоа што Богдан има ќерка од претходниот брак не преставува проблем за пејачката, туку напротив, тоа ги прави поблиски бидејќи и двајцата се родители, па знаат што значи грижа за децата. И бидејќи Богдан веќе е татко, нему не му е важно дали ќе има уште деца или не, а тоа ја прави Цеца поприлично релаксирана и не и создава притисок, раскажува изворот близок до парот за „Ало“.

Таа размислува само за своето семејство, како и за тоа што ќе кажат нејзините деца Вељко и Анастасија за нејзините одлуки. Свесен дека нивната мајка е многу долго време сама, Вељко не криеше во бројни интервјуа дека би сакал Цеца да се заљуби и да биде среќна и на тоа поле.

– По неколку дена забава, Цеца на своето семејство му рекла дека има момче. Вељко и Анастасија за прв пат се сретнаа со Богдан на новогодишната вечера организирана од Цеца во нивниот дом. Таа одлучи да организира интимна вечера во најблискиот круг на луѓе, каде ќе ги запознае децата и членовите на семејството со нејзиниот партнер. Анастасија и Вељко, како и другите членови, многу добро го прифатија Богдан. Според првите реакции, навистина им се допаднал новиот дечко на нивната мајка. Поради ова, пејачката беше толку среќна. За неа беше многу важно да го прифатат Богдан, за да може целосно да ужива во нејзината љубов со него – открива извор за „Блиц“.

Инаку, Богдан е менаџер на неколку белградски ресторани и син на легендарниот спортист Милош Срејовиќ, и веќе долги години е во угостителството и е многу успешен во својата работа. Од неговото емотивно минато , секако треба да се напомене дека зад севе има брак, разведен е скоро пет години, а неговата ќерка Искра му е се на светот, и на неговиот Инстаграм профил можеме да видиме голем број на заеднички фотографии.

Секако веста за новата љубов на Цеца предизвика бура од коментари, па последните неколку месеци и никој не остана рамнодушен на оваа вест.

Парот пред неколку дена се врати од луксузниот одмор во Копаоник, а потоа Цеца и Богдан ја продолжија својата авантура во едно етно село.

Вљубениот пар на планината беа заедно со ќерката на Богдан, Искра каде сите заедно уживаа во зимската магија.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close