Кафе муабет
Ова никој не го забележа: Цеца Ражнатовиќ без овој детал никогаш не излегува од семејниот дом (фото)
Во последно време носи само зелена боја...
Цеца Ражнатовиќ важи за една од најдобростилизираните дами на јавната сцена.
На неа можеме да ги видиме најскапите парчиња облека како и оние секојдневните кои таа најмногу ги преферира.
Покрај тоа што е одличен познавач на модата, се чини дека пејачката е фокусирана и на боите кои освен што и прилегаат убаво, имаат и посебно значење.
Мајката на Вељко и Анастасија е една од членовите на жирито во Звездите на Гранд, а бидејќи оваа улога носи голема одговорност, Цеца се труди да изгледа одлично во секој момент.
На снимањето на популарното музичко шоу досега ја видовме во безброј изданија – од лежерни, до елегантни, па дури и деловни. Има милион варијации, исто толку стилови, а боите?
Изгледа дека на убавата пејачка сè одлично и прилега, но она што можевме да го забележиме е дека Ражнатовиќ исклучително добро ја носи зелената боја, во различни нијанси. Неодамна ја видовме во неколку варијации за краток временски период и секоја и прилега подеднакво добро.
Покрај тоа што зелената боја одлично им прилега на бринетите, таа дава и посебен шмек на вашиот стил, па сосема е неважно дали ќе ја носите оваа боја преку ден или навечер.
Меѓу народот постои и популарно мислење дека луѓето кои избираат зелени нијанси дефинитивно сакаат да бидат во природа и се стремат кон поголем успех во животот. Интересно е што некои студии покажуваат дека љубителите на оваа боја повеќе се стремат кон сигурност. Оваа боја е поврзана со изобилство, смиреност, здравје, раст, учење.
Гледајќи конкретно само во изборот на стилови, модните познавачи би рекле „одличен – пет“, а оние кои на ова гледаат од други аспекти, би рекле дека оваа боја е шармот на Цеца без кој таа никогаш не излегува од семејниот дом.
По втор пат ќе стане баба
Веста за новиот член на семејството Ражњатовиќ ги наполни сите весници и портали. Богдана Ражњатовиќ, сопругата на Вељко Ражњатовиќ по втор пат е бремена и чека син.
Моментално таа е во третиот месец од бременоста па би требало да се породи на пролет. Цеца е пресреќна поради проширувањето на семејството и дека по втор пат ќе стане баба.
– Само да се множиме, рекла Цеца и прозборела за родителството на синот и снаата.
– Вељко е праведен. Ова го зборувам од родителски агол. Ја подржувам тезата дека детето мора да се насочува.Не можете вие да разговарате исто со детето од две години, како што можете со дете од девет или десет години. Потполно е поинаку состојбата на свеста и зрелоста на детето. На детето мора да му објасните, од тоа дека не смее да стави рака во штеќер или да трча по скали… Мислам дека Вељко и Богдана имаат апсолутно здрав пристап како да се одгледува детето, истакнала фолк ѕвездата.