Кафе муабет

Ова момче нема ни нозе, ни раце, но она што го прави ќе ве остави без зборови!

Браво за Ник!

Тој им е инспирација на многумина

Ник Сантонастасо има 24 години и живее во Соединетите Американски Држави, а оние што го познаваат за него велат дека е човек со извонреден дух кој претставува инспирација на многумина.

Тој постојано ги испитува своите граници, а неговата енергија е толку заразна што луѓето ги привлекува како магнет.

Во животот често ќе сретне луѓе кои веднаш му зборуваат дека не можат ништо а всушност никогаш не се ни обиделе. Тоа е она што го мачи и она што никако не може да го разбере.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

Неговите родители кога биле мал му зборувале: „Сине, светот нема да застане затоа што ти си роден ваков“.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

И тој овие зборови нема никогаш да ги заборави

Тој е успешен бизнисмен, бодибилдер, модел и сензација на интернетот. Неговиот прв говор пред луѓе беше пред две години и од тогаш има одржано бројни мотивациони говори и бил гостин на многу инспиративни настани што се случувале низ целиот свет.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

Неговото основно мото е – како нешто да се направи, а не – тоа не се може! Не му е јасно како луѓето во самиот старт велат дена нешто не можат, а никогаш не се ни обиделе. Тоа е нешто што не може никако да го разбере.

„Наместо тоа, треба да ја согледате ситуацијата, длабоко да земете здив и да си кажете самите на себеси: ‘Добро, како ќе го направам тоа, на кој начин?’ Се сеќавам дека моите родители постојано ми зборуваа: ‘Сине, светот нема да застане затоа што ваков си роден. Мама и тато нема засекогаш да бидат тука, мораш да бидеш независен’“, вели тој сеќавајќи се на своето детство.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

Ник е роден со Ханхартов синдром, ретка вродена болест заради која нема нозе, десната рака не му се развила, а на левата има само еден прст. Кога се родил докторите на неговите родители им кажале дека заради физичкиот хендикеп неговата подвижност ќе биде многу ограничена.

Но тој го докажа спротивното. И тоа уште како мал. Кога имал само две години неговиот татко додека бил во гаражата слушнал чудни звуци. Погледнал што се случува и во дневната соба го видел својот син како танцува на масата. За само две минути колку што не бил присутен, Ник со количката се довлечкал до масата, се искачил и почнал да танцува.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

Со процент на можности за преживување од само 30 отсто, Ник со неговиот живот успеа да докаже дека човек може да направи се што ќе посака. Иако нема раце, може да крене огромна гума тешка 70 килограми. Тој тврди дека е еден од 12 лица родени со ова пореметување, а само 8 преживеале.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

Храбриот и вреден Сантонастасо и денес редовно објавува фотографии и видеозаписи на својот профил на Инстаграм и добива огромна поддршка од своите пријатели.

„И покрај својот хендикеп, од секогаш сакав да бидам фитнес модел, тренер по бодибилдинг и мотивациски говорник. Се трудам сите желби да ми се исполнат“, рече младиот Сантонастасо кој е пример на многу бодибилдери ширум светот.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

„Од мал знаеше да не шокира со работите што ги прави. Тој живее така за да ги инспирира другите и да ги поттикне да не седат со скрстени раце. Знае да зборува дека не може да го промени тоа каков е, но и дека нема намера да престане да живее заради тоа“, раскажува неговиот татко.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

Многу сака спорт, како мал возел скејтборд, најпрво лежел на него на стомакот, а потоа и стоечки на рака.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

Признава дека имал тешки моменти за време на школувањето и пубертетот, но успеал да се натера да направи повеќе.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

За време на средно училиште му се придружил на својот брат да тренира борење и тоа е нешто најдобро што го направил.

„Бев депресивен и ми беше многу неугодно во своја кожа. Не сакав да живеам во ова тело. Но тогаш сфатив дека морам нешто да преземам, морам да бидам дел од тимот или надвор од наставните активности. Морам да бидам дел од нешто што ќе ме воздигне“, раскажува Ник.

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

И неговиот труд навистина му се исплати – тој денес живее со полни гради, има девојка која многу го сака и е среќен

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

И едноставно зрачи…

Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо
Фото: Инстаграм/ Ник Сантонастасо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close