Кафе муабет

Ова е љубовното гнездо на Анастасија и Немања Гудељ: Пејачката сподели фотографии- еве што прави во Севиља

Тие уживаат во љубовта...

Анастасија Ражнатовиќ наследничката на Цеца Ражнатовиќ ужива во љубовта со Немања Гудељ.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Бидејќи младата пејачка се повеќе време поминува во Севиља, многумина се прашуваат како изгледа љубовното гнездо на ќерката на Цеца и славниот фудбалер.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Судејќи по објавите на социјалните мрежи, куќата на Немања Гудељ се наоѓа во мирен, но елитен дел од градот и е уредена до последен детаљ. Анастасија, која моментално престојува во Севиља, секако е добредојден гостин во неговиот дом.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Да се ​​биде во Шпанија, во овој период од годината е вистински благослов со оглед на тоа дека дневните температури достигнуваат до 18ºC се идеални за прошетка. Така додека Гудељ тренира, на Анастасија и прави друштво нивниот миленик.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Како што можевме да видиме, Ражнатовиќ не се откажува ниту од здравите навики, па на масата има главно полесна храна која сака да ја грицка додека ги гледа омилените серии како „Очајни домаќинки“.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ не крие дека сака да стапне на лудиот камен, но смета дека се уште е млада за таков чекор.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Таа отсекогаш сонувала да се омажи во луксузен, традиционален бел фустан, а својата венчаница од соништата ја пронашла за време на фотографирање за еден магазин.

На Анастасија и се допаѓа класичниот крој на венчаницата.

фото информер.рс

– Од сите венчаници што сум ги пробала, најгламурозна е онаа „принцеза“. Најмногу личи на традиционалните венчаници. Отсекогаш сум се гледала како го носам ова за мојата свадба – искрена беше Ражнатовиќ.


Таа додала дека би сакала да направи свадба на која ќе бидат сите што ги сака. Пејачката не замислува интимна церемонија на која би биле присутни само семејството и најтесниот круг на пријатели, туку голема свадба за која ќе се зборува.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Би сакала да приредам убава прослава која ќе ја паметам до крајот на животот. Би сакала моите најблиски да бидат со мене на тој ден, а јас би сакала да бидам во голема венчаница.
Иако десет месеци е во сериозна врска со фудбалерот Немања Гудељ, Анастасија се уште не планира да го каже судбоносното „да“.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Вистинското време за брак е кога ќе почувствувате желба да го направите тоа. Најважно е како се чувствува човекот. Никогаш не е рано или доцна да се венчаш. Некој може да се омажи на 17 години и да остане со таа личност до крајот на животот во среќен брак. А желбата за тоа некој може да ја почувствува на 45 или 50 години – рече Анастасија во деветнаесеттата епизода од документарно-фантастичниот серијал „Цеца шоу“.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close