Дом и семејство
Ова е сопругата на еден од најмоќните вокали во регионот: Заљубени како и првиот ден, ја напушти работата за да се грижи за семејството!
Нивната љубов беше опеана и во песната „Кралица“ во која Бригита ја имаше главната улога...
Еден од најдобрите вокали во регионот, пејачот Жак Ходек често ги искажува своите чувства кон својата сакана сопруга Бригита на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук.
Судејќи по фотографиите кои ги споделува и љубовните гестови на пејачот, можеме да кажеме дека тие се заљубени како и првиот ден.
Клучот за нивната успешна и долготрајна врска е довербата, а тоа го истакна и самиот пејач во едн априлика.
Нивната љубов беше опеана и во песната „Кралица“ во која Бригита ја имаше главната улога. Инаку, сестраната бринета одвреме-навреме работи и како шминкер.
Таа по професија е административен службеник, а пејачот во неколку интервјуа истакна дека таа држи три агли од куќата. Имено, таа дала отказ од графичката компанија во која претходно работела за да се посвети на одгледувањето деца. Интересно е што потекнува од музикално семејство бидејќи нејзиниот вујко и татко се музичари, гитаристот Роберт и Томас Кркач.
Пејачот и неговата поубава половина се во среќен брак од 2006 година, а истата година се роди и нивната ќерка Софија. Седум години подоцна, Бригита го роди и синот Дејвид, кога Жак решил да го забави темпото за да биде повеќе посветен на семејството и децата.
Не е тајна дека пејачот и е исклучително благодарен на сопругата за негувањето и грижата за семејството, а истакна дека не знае како би постигнал се без неа.