Кафе муабет
ОВА Е СИНОТ НА АНА БЕКУТА КОЈ ГО ОСТАВИ ВО ДОМ: Пејачката го родила на 17 години, поминала низ агонија, нејзините зборови ќе ве расплачат (ФОТО)
Сега се е во најдобар ред...
Популарната пејачка Ана Бекута на само 17 години го роди синот Игор, а потоа со голема болка донесе одлука да го остави својот наследник во дом за напуштени деца.
Пејачката го роди синот во вонбрачна врска. Таа беше одвоена од своето бебе, а околината ја осуди. На столбот на срамот се најдоа и нејзините родители, селото ги озборуваше, што особено ја повреди. Сметала дека тие не се виновни за ништо.
По ужасни внатрешни немири, Игор го сместивме во дом. Тогаш ми беше откорнато големо парче од срцето и таа рана никогаш нема да зарасне. Ме сметаа за будала затоа што не го уб-ив навреме. Или пак зошто не го скрив и не го оставив во некоја подалечна болница. викендот патував да го гушнам Игор, кој ми се насмевнуваше од креветот, препознавајќи ме. До следната сабота во живот ме држеше неговиот прашкаст мирис во ноздрите и отпечатокот на неговите мали усни на мојот врат. Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и умот ми ја вратија таа птица во скутот“, рече еднаш Ана.
Како што еднаш истакна Ана, раѓањето на Игор ја забрза нејзината одлука да се занимава со музика.
Денеска двајцата се во одлична врска, а Игор редовно ја поддржува мајка си на концерти и настапи.
Да потсетиме, Ана Бекута се одлучи да го смени својот менаџерски тим.
Последниве години менаџер на Ана Бекута беше нејзиниот син Игор Полиќ кој во последно време имал неколку деловни пропусти, па пејачката одлучила да го замени со внукот.
Близок извор на пејачката раскажал дека помеѓу Ана и нејзиниот син дошло до недоразбирање бидејќи имал неколку деловни неуспеси поради кои таа била приморена да го опушти.
Решение видела во внукот Бранко, затоа што тој доста време поминува со неа и е запознаен со сите деловни обврски, па претпоставила дека добро ќе се снајде во новата улога.
– Игор и Ана прво се мајка и син, па потоа се останато. Може и подобро е што го отпуштила за да не дојде до пожестока расправија помеѓу нив која можеше да им ги наруѓи односите засекогаш, вака го започна разговорот изворот на пејачката и открил како дошло до прекин на соработката меѓу мајкаѕа и синот.
– Ана поминува низ многу тежок период откако почина Мрка, но продолжи со пеење. Сите тезги, гостувања и настапи до неодамна и ги договарал Игор, но дошло до неспоразум помеѓу нив.Колку што слушнав не го отпушти од прва, некое време таа него го опоменувала и го предупредувала, но очигледно било без успех.
Игор направил неколку пропусти со сопствениците на локалите во кои Ана требала да пее и таа повеќе не можела тоа да го трпи, објаснил соговорникот за Курир.рс.
Неретко во медиумите се пишувало како музичарите и менаџерите се карале околу пари, но во случајот на Ана Бекута, изворот вели дека тое не била причината.
– Мислам дека парите не беа пресудни за да ја прекинат соработката, Игор не е таков човек.
Мислам дека имало некаков пропуст околу организацијата, а Ана е брутален професионалец и така дошло на синот да му соопшти дека повеќе нема да соработуваат.
Тие и понатаму се во добри односи, се гледаат се како и во минатото, тука ништо не се промени, заклучил соговорникот за српскиот медиум.