Кафе муабет

ОВА Е СВЕКОРОТ НА АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ: Познат фудбалер кого го обожаваа сите (ФОТО)

Децата од него ја наследија љубовта кон спортот...

Само еден месец по официјалното раскинување со младиот бизнисмен Ѓорѓе Кулиќ, Анастасија Ражнатовиќ заплови во нова љубовна врска.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

На почетокот на годината како бо-мба одекна веста дека наследничката на Цеца е во емотивна врска со Немања Гудељ, со кој се уште ја негуваат љубовта.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Од тогаш па наредниве седум месеци Немања е под будното око на јавноста па не е чудно што родителите на фудбалерот сега се многу интересни за медиумите и фановите на младата пејачка.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Не е тајна дека Оливера и Небојша брилијантно ја прифатиле снаата, а се дознало и дека Немања потекнува од вистинско спортско семејство и дека и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ бил фудбалер.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Имено, Небојша кариерата ја започна во Босна, од каде дошол во Партизан, чии бои ги бранел три години. Во текот на својата фудбалска кариера настапувал за шпанските клубови Логронес и Леганес. Девет години бил во Холандија и одиграл дури 300 натпревари за Бреда, а кариерата ја завршил во 2006 година во Спарта.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Таткото на Немања и по завршувањето на кариерата останал со фудбалот и моментално е технички директор на кинескиот клуб Хубеи Истар.

фото инстаграм/Немања Гудељ
фото инстаграм/Немања Гудељ

Братот на Немања, Драгиша и сестрата Вања исто така спортисти, а како што еднаш откри свекорот на Анастасија Ражнатовиќ, столб на семејството и понатаму е неговата сопруга Оливера, која го издржала сиот товар на своите плеќи, почнувајќи од тренинзите, патувањата и карантинот на Небојша, па завршувајќи со воспитувањето на три деца кои речиси сама ги донела на вистинскиот пат.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Неодамна Небојша објави семејна фотографија на својот Инстаграм профил и покажа колку е горд на своите деца и сопругата.

фото инстаграм/Небојша Гудељ

Да потсетиме, Анастасија и Гудељ заедно се веќе седум месеци а бидејќи тој поради професионалниот ангажман престојува во Севиља, ќерката на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ се навикна на животот Србија- Шпанија.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Во родниот град доаѓа главно поради деловни обврски и да се види со семејството и пријателите, додека остатокот од времето го поминува со својот избраник во Севиља.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Сепак, иако е среќна покрај Немања, Анастасија признава дека никогаш не би ја запоставила својата музичка кариера и дека и е многу важно фудбалерот да ја поддржи во тоа, бидејќи никогаш не би се согласила да биде со маж кој би ja naтерал таа да избира меѓу него и работа.

фото инстаграм/Немања Гудељ

„Доколку моето момче ме замоли да изберам помеѓу кариера и љубов, во тој момент би знаелa дека не сум со вистинската личност, бидејќи личноста која ме сака знае колку ја сакам мојата работа и никогаш не би ме принудила да изберам. Во таа ситуација секогаш би избрала работа“, изјави неодамна Анастасија за „Блиц“.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Инаку, пејачката зборуваше и за заедничкиот живот со Гудељ, не криејќи колку е среќна.

Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

„Па, нашата врска не е на далечина. Јас често сум во Шпанија, како што можете да видите од моите профили на социјалните мрежи. Во Србија доаѓам кога имам деловни обврски, тоа е секако мојот приоритет сега. Кога имам нешто овде, тогаш морам да се вратам. Штом ќе завршам со обврските во Србија одам во Шпанија. Не знам кога официјално преминува во заеднички живот. Јас сум таму со него, јас и Немања живееме во истата куќа во Шпанија.Наречете ја како сакате, но јас живеам таму кога сум таму“, изјави неодамна таа и додаде дека нејзината љубов секогаш е на прво место:

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

„За мене љубовта е најважна работа на светот, таа секогаш ми е приоритет, кон семејството, пријателите, партнерот. Се што е убаво доаѓа од љубовта, рече Анастасија.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close