Кафе муабет
Ова е поранешната сопруга на Сулејман Величевствениот која актерот ја остави поради убавата Шехерезад додека беше бремена (ФОТО)
Халит и Бергузар се еден од омилените турски парови...
Халит Ергенч кој се прослави со улогата на Сулејман Величествениот во истоимената серија ужива во хармоничен брак со неговата сопруга Бергузар Корел.
Иако медиумите многу пати ги разведуваа и се шпекулирапе дека има несогласувања меѓу нив, сепак славниот актерски пар ги негираше сите гласини пред две години кога Халит и неговата 12 години помлада сопруга Бергузар Корел го добија третото дете, ќерката на која и го дадоа името Лејла.
Двојката веќе го имаше синот Али, кој се роди во 2010 година, и синот Хан, кој се роди во 2020 година.
Тие се запознаа на снимањето на популарната турска серија „Илјада и една ноќ“, а се венчаа во 2009 година.
Јавноста со интерес ја следеше нивната бурна љубовна приказна.
Имено, во времето кога се заљубиле за време на снимањето на серијата, Халит бил во брак со актерката Гизем Сојсалди, која била 14 години помлада.
Халит и Бергузар не можеа да одолеат на емоциите, не можеа да ја негираат љубовта особено кога во 2008 година мораа да отпатуваат во Париз поради работа.
Бергузар набрзо го напуштила своето момче, а Халит побарал развод од Гизем, која во тоа време била бремена, па решила да або.ртира.
Актерот на поранешната сопруга и дал паричен надомест од 250.000 лири за време на случајот за развод за што побрзо да заврши се.
По тешкиот период низ кој минуваше Гизем денес успеа да го преброди разводот и изгледа поубаво од било кога.
Во продолжение погледнете како изгледа сега поранешната на Халит која ја остави поради Бергузар.