Кафе муабет

Ова е новата девојка на Жика Јакшиќ: Значително е помлада од него- водителот е вистински среќник

Ужива во љубовта...

Продуцентот и водител Жика Јакшиќ на јавноста и ја покажа својата нова девојка.

Фото инстаграм/ Жика Јакшиќ

Жика зад себе има два брака. По разводот од првата сопруга, која ја запозна во Германија, Жика се ожени со Дајана Пауновиќ, но ниту овој брак не опстана.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Сепак, Јакшиќ се уште не се откажал од љубовта, што е нормално, а сега за прв пат во јавноста ја покажа својата сегашна девојка која, колку што можеме да видиме, е многу помлада од него.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Двајцата заедно уживаа во кафеана, а тој не ги тргна рацете од неа.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

За оваа пригода новата девојка на Жика облече розов фустан со прерамки, под кој не носеше градник.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Инаку, Жика Јакшиќ неодамна во една емисија откри зошто неговиот прв брак не преживеал.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

– Се разведовме затоа што сум премногу тежок за живот во заедница, премногу сум независен, тешко се прилагодувам на секаков вид стеги, а и самиот брак ги носи стегите. Немавме никакви проблеми, кавги, измами, но едноставно не можевме да ги усогласиме нашите животни ставови и желби – изјави неодамна Јакшиќ.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Да потсетиме, продуцентот и авторот на емисијата „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ има два сина од два брака. Првиот син Андрија го доби од бракот со Снежана, додека Душан го доби пред шест години во брак со Дајана.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Малкумина го знаат неговиот постар син Андрија, кого го доби од првиот брак со Снежана. Тој живее во Германија, каде што некогаш живеел Жика.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Андрија Јакшиќ не е заинтересиран за естрада. Тој е најмладиот енолог во Германија.
Жика многу пати истакна дека е многу горд на својот син, бидејќи ја продолжи традицијата на неговиот роден град Александровац, кој е познат по винското кралство.

фото инстаграм/Жика Јакшиќ

-Работата со вино е многу сериозна. Тоа го започна мојот син Андрија. Тој е најобразован Србин во тој поглед, тој е господар на енологија ( наука која го изучува виното од сите аспекти, од бербата на грозје до производство и складирање на вино) – се пофали Жика во разговорот за српски „Свет“.

фото инстаграм/Жика Јакшиќ

-Иако тој можеше да ја заврши таа работа каде и да посака во светот, почнувајќи од Калифорнија, преку Канада, Париз и сите други дестинации, успеав да го задржам во Србија и сега тој работи тука – додаде Јакшиќ.

фото инстаграм/Жика Јакшиќ

Неговата втора сопруга Дајана Пауновиќ по разводот во неколку наврати истакна дека одлично функционираат. И самиот водител вели дека добро се согласува со поранешната.

фото инстаграм/Жика Јакшиќ

– Дајана е млада и успешна жена која ги има сите права на овој свет да биде сакана, да ужива и да биде среќна. Ние двајца сме во одлични односи. Ќе ви признаам дека јас за нејзината врска знам уште од почетокот, но умеам да чувам такјна, така ниту коментирам нешто ниту издавам. А за мојот приватен живот, ќе ви кажам само дека не сум сам и дека не сум осамен, моментално ми е многу добро, беше искрен Жика.
– Дајана и јас сме пример како луѓето и по разводот многу убаво и нормално можат да функционираат, рече Јакшиќ, на што Дајана се надоврза:

– Жико, ние сме пример за тоа како луѓето уште подобро можат да функционираат по разводот отколку во брак – низ насмевка искоментира водителката.

Инаку, Дајана Пауновиќ по разводот изјави дека и покрај тоа што се раздели од нејзиниот сопруг, верба во љубов се уште има и како што и сама вели никогаш не се знае дали еден ден повотрно ќе застане на лудиот камен.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close