Холивуд
Ова е најтренди фустанот за оваа пролет: Ќе се заљубите во ова издание на Софија Вергара
Покажа како може да се носи ова модно парче...
Софија Вергара и на возраст од 47 години има беспрекорно тело. Таа може да се пофали со совршен изглед на кои подзавидуваат многу дами.
Моментално актерката Софија Вергара е зафатена со снимањето на шоуто за таленти „America’s Got Talent“ во кое учествува како член на жирито, а нејзините модни комбинации не остануваат незабележани кога ќе пристигне на сетот.
Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ мами воздишки каде и да се појави, па така беше и сега кога одрша модна лекција и воедно покажа како се носи најтренди парчето за оваа пролет.
Таа на снимањето се појави во пристигна капут со ремен за да го нагласи струкот, кој со години зазема висока позиција на листата на омилени пролетни парчиња.
Под капутот носеше уште едно неодоливо пролетно парче, фустан украсен со цветен дезен, кој нема конкуренција во пролетните месеци.
Актерката го искомбинира фустанот со беж сандали на платформа од Џанвито Роси, додека ја носеше популарната ташна Dior Book Tote во беж боја.
Незаменлив моден додаток беа очилата за сонце.
Во продолжение погледнете уште неколку тренди комбинации на една од најубавите актерки:
Мора да признаеме дека и во најлежерното издание кога носи хеланки и фармерки Софија изгледа беспрекорно…