Кафе муабет
Ова е најдосадниот хороскопски знак: Со овие луѓе не можете да излезете на крај!
Најздодевниот и најнапорниот хороскопски знак дефинитивно е Девица...
Многу е тешко да се справите со некои хороскопски знаци. Ако не сакате да влезете во неволја, ќе мора да направите некои отстапки и да правите се буквално како што тие ќе кажат.
Најздодевниот и најнапорниот хороскопски знак дефинитивно е Девица.
Тие се оние кои постојано се лутат за ситници па имаат тенденција да направат проблем ако нешто не е онака како што тие замислувале.
Во случај да се обидете да „ублажите“ сериозна ситуација со некоја шега, Девиците нема да гледаат позитивно на тоа. Сакаат ред, работа и дисциплина, затоа немојте да се изненадите ако ве вознемируваат на забава со приказна за деловен проект.
Секогаш се сеќаваат на она што сте им го ветиле, затоа немојте да се изненадите ако ви спомене нешто што и ветивте пред една година или повеќе.
За Девиците, забавата може да започне само кога се друго е направено без недостатоци и грешки, а тоа е… Па, речиси никогаш.
Но и покрај тоа што се досадни со својот перфекционизам, сепак жените родени во знакот на Девица се оние кои не им помагаат само на добрите луѓе, туку и на оние кои тоа не го заслужуваат. Таа на таков начин докажува колку добра личност е.
Кога на другите луѓе им е потребна помош, дамата Девица е секогаш достапна, меѓутоа, кога нејзе ѝ е потребна помош, таа чувствува дека може да се потпре на малкумина, а понекогаш на ниту една личност. Таа многу помага, но другите брзо ги забораваат нејзините добри дела. Таа попрво ќе им помогне на саканите, отколку да си помогне себеси. Не за џабе оваа жена е споредувана со ангелите, затоа што таа е навистина како ангел чувар на нејзините блиски.
Жената Девица е дама која апсолутно ништо не заборава, туку го памети секој ваш гест, дури и најмалите ситници. Не само што простува на сите, туку многу често и заборава, па се случува повторно да биде повредена…
Другите луѓе не се однесуваат фер кон неа, па таа секогаш останува на работ, честопати осамена.
Затоа, ако имате Девица покрај себе, обидете се да погледнете подлабоко во нејзината душа, можеби ќе откриете нешто што никој друг хороскопски знак го нема…
Девицата никогаш не става акцент на тагата и проблемите во нејзиниот живот. Отсекогаш била свесна за фактот дека лошите работи и се случуваат само поради нејзината добрина.
Сепак мажот кој ја користи добрината на девицата со текот на времето ќе биде казнет со карма.