Кафе муабет

Ова е најголемата грешка во кариерата на Рада Манојловиќ: Ги одбила овие песни без да знае дека ќе станат големи хитови

Може да се пофали со богата кариера...

Пејачката Рада Манојловиќ е една од најуспешните млади пејачки во регионот и може да се пофали со успешна кариера и многу хитови кои ги снимила, но неодамна откри дека некои песни одбила да отпее а денес се големи хитови.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Рада е активна на социјалната мрежа Твитер, а во една прилика одговараше на прашањата на своите следбеници и откри кои песни одбила да ги сними но не кажа дали зажалила поради таа одлука.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

„Ме интересира дали има некоја песна што некој ти ја понудил, а ти не си сакала да ја снимиш, па ја снимил друг пејач?“, беше прашањето, на кое пејачката одговори:

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Има и такви, а не препознав дека се хитови: „Три чаши“, „Мишо мој“, „Боинг 747“, „Ево, ево“ од Сека, но тогаш тоа беше само мелодија без тој текст. – одговори Рада.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Неодамна братот на пејачката Радмила Манојловиќ, Ненад изјави дека неколку пати инсистирал да сними дует  со неговата сестра, но таа одбила и рекла дека не е време за да ги спојат нивните гласови.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Сакав дует со Рада. Не дека немаше обиди, на почетокот бев понапорен, а таа рече: „Чекај да дојде вистинската песна, ништо не можеме да снимиме“. После тоа, таа најде песна кога отидов во „Ѕвездите на Гранд“, но воопшто не ми се допадна. Многу е тешко да се направи песна за брат и сестра која би била интересна. Јас и Рада имаме ист татко, но никогаш не сме живееле заедно. Се борам за себе и за својата кариера – откри Ненад и додаде дека не очекувал многу од Рада да му помогне, бидејќи се смета себеси за талент и добро се снаоѓа сам.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Рада моментално е во центарот на вниманието поради раскинувањето и обновувањето на врската со пејачот Харис Берковиќ.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Иако се чинеше дека нивната врска дојде до крајот и повеќе нема што да се вложува во неа, сепак сега локалните медиуми шпекулираат дека парот решил да ја обнови долгогодишната романса.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Се смирија Рада и Харис. Сите се пресреќни поради нив, бидејќи вистински се сакаат и не можат еден без друг. Љубовта победи, а сега сите ја очекуваат таа фамозна венчавка, а потоа и принова, се е во ред – откри пред неколку дена извор близок до парот.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Пред неколку месеци се зборуваше за крахот на љубовната врска на славната двојка, што Рада го потврди на својот Инстаграм профил во октомври.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Ненад Манојловиќ, полубратот на Рада Манојловиќ, неодамна отворено проговори за раскинувањето на неговата сестра со победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Харис Берковиќ и откри дека и самиот не бил сигурен дали се работи за врска или маркетиншки трик.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Немам што да кажам што веќе не е кажано. Немам поим што се случува меѓу нив и дали воопшто нешто се случува или сето тоа беше маркетиншки трик. Ако се заедно, им посакувам многу среќа, но мислам дека не се. Ништо не може на сила ако не се наменети да бидат заедно. Ако не се, којзнае зошто е добро – рекол Ненад, кој признава дека никогаш не излегувал со Харис, но затоа редовно возат мотори заедно.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

– Харис е прекрасно момче, го почитувам како лик. Секоја вечер сме во кафана, забавно ни е кога одиме на тура со мотор или слично. Го сретнав по неколку свирки неколку пати и видов дека е екстра личност и опуштен. Харис не е арогантен, тој е приземен тип и многу ми се допаѓа. Никогаш не можев да кажам лош збор за него, заврши Манојловиќ.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close