Кафе муабет
Ова е идната свекрва на Цеца: Еве како изгледа мајката на Богдан, сите забележаа едно нешто! (Фото)
Тој и посвети емотивна порака...
Идната свекрва на фолк- дивата Цеца Ражнатовиќ, мајката на Богдан Срејовиќ ретко се појавува во јавноста, а за фотографијата што ја сподели нејзиниот син и понатаму се зборува.
Имено, менаџерот и пејачката се забавуваат повеќе од една година, а додека таа моментално отсуствува и ужива во совршено патување на далечните Малдиви, Богдан има причина за славење.
Неговата мајка Мирјана, свекрвата на Светлана, прослави роденден, а по тој повод Богдан објави трогателна фотографија од неговата мајка и неговата ќерка Искра, кои позираа заедно.
Дечкото на Цеца Ражнатовиќ не крие колку ја обожава мајка си и колку му е важна во животот, па и упати трогателни зборови кои ја разнежниле Мирјана.
-Едната ми даде живот, другата му даде смисла – напиша Срејовиќ под споменатата фотографија.
Бројни следбеници од социјалните мрежи оставија многу коментари, а притоа забележаа колку е одмерена, елегантна и младолика мајката на Богдан Срејовиќ и дека менаџерот од неа ги наследил манирите и изгледот.
Да потсетиме, Цеца и нејзиниот партнер Богдан годишнината ја одбележаа на 18 декември.
Цеца денеска приреди вистински рај за очите, посебно за машкиот дел од публиката и направи хаoc на социјалните мрежи.
Таа од Малдивите објави неколку зaводливи фотографии, на кои сигурно би и подзавиделе и 20 годишни девојки.
Таа најпрво покажа како изгледа луксузниот бунгалов во кој е сместена, а потоа објави и неколку фотографии на кои позира во костим за капење и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Пејачката позираше на зајдисонце, потпрена на палма, а во центарот на вниманието е нејзиното беспрекорно тeло.
„Колку денес е убав и сончев ден! Малдиви – рај на земјата!“ напиша Цеца во описот на фотографијата.
„Сирена“, „Бoмба“, „Најубава и најзгодна“, „Една е Цеца“, „Жено, изгледаш неверојатно„, беа само некои од коментарите.
Таа со овој свој потег воедно покажа и зошто се уште важи за една од најзгодните жени на естрадата.
Имено, таа и покрај тоа што има 48 години, нема проблем да го покаже своето тeло во вакво пpoвокативно издание.
Единствено што не е познато, а кое што сите ги интересира, е со кого пејачката замина на ова луксузно и романтично патување бидејќи Богдан не е со неа.