Кафе муабет
Ова е едно од момчињата што Коста го уби во масакрот – бeше НЕВЕРОЈАТЕН ТАЛЕНТ, погледнете како свири клавир
Нови детали за масакрот во Белград
Малолетникот А.Ч. што настрада во масакрот што вчера се случи во основното училиште во Белград бил неверојатен талент – свирел клавир од својата шеста година и настапувал на престижни натпревари.
Својот интерес кон музиката го покажал уште од најрано детство, а покрај тоа бил и одличен ученик со сите петки,
Покрај музиката, сакал да игра тенис и се занимавал со фотографии и правење интересни видео записи проследени со интересна музика.
Има добиено повеќе награди на национални и интернационални музички натпревари како и специјални награди за изведување на композицијата „Burgmuller Etude D-dur“ во 2019 година.
Настапувал на повеќе концерти, а бил и претставник во жирито на натпреварот за детска песна на Евровизија.
Погледнете дел од неговиот настап во Белградската филхармонија:
Žrtva masakra u školi na Vračaru A.Č. voleo muziku, nastupao u Beogradskoj filharmoniji! pic.twitter.com/cS3HBjrYwz
— dedalaki (@dedalaki1) May 3, 2023
Потсетуваме, во масакрот Коста К. (13) уби осум ученици и школскиот чувар на Основното училиште „Владислав Рибникар“, а рани шест ученици и учителка. Тој по масовното убиство не покажа ни трошка каење, а уапсен е и неговиот татко од кого малолетникот го земал оружјето со кое ги уби своите врсници.
Како што објавија српските медиуми, момчето што го изврши злочинот одел и на музичко училиште и покажувал голем талент за музика.
Тој неодамна се префрлил од едно во друго одделение, во кое има двојазична настава, на барање на неговите родители.
По извршувањето на злосторството, Коста самиот се предаде на полицијата, наводно пред полицијата изјавувајќи го следново:
„Пукав, бидејќи сум психопат“.
На прес-конференцијата за новинари од страна на полицијата беше соопштено дека Коста подолго време го планирал ова.
Тој го избрал вчерашниот датум затоа што училницата по историја е блиску до вратата од која се излегува од училиштето.
Во ранецот носел четири молотови коктели, а веднаш по доаѓањето во школото пукал во чуварот, а потоа и во учениците.
По масакрот самиот се предал во полицијата, а потоа признал дека подолго време го планирал злосторството.
Тој имал и список од учениците што планирал да ги ликвидира, а изработил и план за нападот во кој ги одредил приоритетните мети.
Списокот со ученици што планирал да ги ликвидира е пронајден во неговиот дом, а она што сите го забележаа е тоа што последното име од списокот е пречкртано, а како што се сомнева, причината е што малолетникот непосредно пред својот крвав пир се зближил со тоа дете.
Cvetni trg. pic.twitter.com/N8wxfhsFJa
— građanskeinicijative (@gradjanske) May 3, 2023