Кафе муабет

Ова е една од жртвите на Урош Б. – момчето убиено заедно со НЕГОВАТА ПОМЛАДА СЕСТРА, ги убил без никаква причина

Брат и сестра жртви на осомничениот убиец Урош Б (21)

Брат и сестра се едни од жртвите што осомничениот убиец Урош Б. ги уби во селото Дубона кај Младеновац, во близина на Белград.

Како што пренесуваат медиумите, тој уби осум лица, од кои еден е полицаец, а ја убил и неговата помлада сестра.

„Тие тука седеа и зборуваа, а тој им пријде и пукаше во нив без причина. Ми ги уби внукот и внуката“, раскажува за српскиот „Блиц“ дедото на убиениот 21-годишен полицаец М.П. кој загина заедно со својата помала сестра.

Фото: Социјални мрежи

Момчето покрај нив двајцата уби уште шест лица, а ранил вкупно 13, по што избегал во непознат правец.

Нешто по полноќ беше покрената полициската акција „Виор“, а бегалецот беше фатен во близина на Крагуевац.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, 192.рс

Ни јавија дека во ние е пукано, а кога отидовме таму, веќе беа мртви, покриени. Луѓето се собраа, почнаа да плачат, раскажува дедото на полицаецот.

Како што пренесува гореспоменатиот медиум, неговиот внук не се дружел со убиецот бидејќи според него, бил „пропалитет“.

Според зборовите на дедото на убиениот полицаец, убиецот наводно им се доближил, го извадил калашниковот од автомобилот и почнал да пука.

Фото: Социјални мрежи

Еден од соседите кој бил со нив бил ранет, но починал во болницата. Ранета била уште една девојка, но таа е жива.

Како што пренесува „Курир“, во болницата во Смедерево тројца момчиња се оперирани и сите тројца се вон животна опасност.

Тие се на старост од 20, 21 и 23 години.

Вчера вечерта во истата болница биле донесени четири пациенти без витални функции за кои докторите не можеле да сторат ништо.

Едно од убиените момчиња има 15 години, а останатите тројца што биле донесени во оваа болница се 2005, 2002 и 2003 годиште.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, 192.рс

Потсетуваме, Урош Б. (21) во крвав при во селата недалеку од Младеновац уби најмалку осуммина, а рани 13 луѓе.

Полицијата цела вечер трагаше по него и денес, околу осум часот наутро, го уапси недалеку од Крушевац.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close