Кафе муабет

ОВА Е ЕДИНСТВЕНИОТ МАЖ КОЈ ГИ ПОВРЗУВА ЦЕЦА И КАРЛЕУША: Ќе ги смири ли вечните ривалки?

Имаат ист доктор...

Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ се вечни ривалки. Пејачките најверојатно ќе останат доживотни „непријатели“, со оглед на тоа дека тешко може да се замисли нивно помирување.

фото принтскрин

Но иако речиси никогаш и ништо не може да ги поврзе, сепак еден маж сигурно ќе почувствува големо задоволство што е речиси единствениот човек на планетата кој успеал да ги поврзе двете најголеми пејачки имиња во Србија, макар и индиректно.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Имено, двете пејачки можеби не делат исти ставови за многу прашања, но имаат доверба во ист маж кога е здравјето во прашање.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Јавноста веќе е запознаена дека Цеца неодамна беше оперирана во Истанбул и според неофицијални информации операцијата била извршена од познатиот турски хирург Булент Џихантимур, кој Карлеуша пред неколку години го промовираше како чудотворец.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Па сега, единственото нешто што ги поврзува Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ е тоа што имаат заеднички лекар, а на Ражнатовиќ не и било проблем да се јави кај овој стручњак, без разлика што нејзината ривалка веќе била под негов надзор.

фото принтскрин

– Ова е најдобрата клиника во светот. Бидејќи сум патувала многу и имав можност да видам други, можам да го потврдам тоа. Овде работат најдобрите стручњаци, просторот е импресивен… Овде имам и мир и приватност, што ми е многу важно – изјави Јелена откако имаше можност да го посети доктор Булент.

фото принтскрин

Инаку Цеца во своето шоу обелодени дека имала интервенција (кила на стомакот), а потоа објави и како поминала операцијата.

фото принтскрин

Хируршката интервенција траела осум часа.

Цеца претходно, во разговор со својата сестра Лидија, откри неколку детали и зошто избрала да оди во Турција.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

„Барем некој што е врвен хирург ќе го реши тоа за да немам последица на кожата по интервенцијата. Тоа многу ми е важно, сепак јас сум женско“, откри пејачката во документарецот „Цеца шоу“.

Фото: Принтскрин/ Цеца шоу, Блиц

Како што истакна пејачката во својата емисија, пред да замине на операција и кажале дека процедурата е тешка, а закрепнувањето трае 72 часа.

фото свет.рс

За неа се грижел најдобриот тим на експерти и се помина без компликации.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Цеца непосредно пред да влезе во операциона сала преку видео повик разговарала со ќерката Анастасија која ја прашала само едно.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

– Се грижиш малку? – било прашањето на Анастасија.
– Тоа трае осум часа, тоа е многу – и одговорила Светлана.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Во актуелната емисија, во која главни актери се членовите на семејството Ражнатовиќ, наследничката на Цеца, Анастасија откри дека била со мајка си на консултациите во споменатиот град.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

– Неколку дена пред тоа бевме заедно на консултации во Истанбул – изјави Анастасија.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Инаку, пејачката пред девет години имаше компликации со рбетот и тоа заради преголемите силиконски импланти, пишува српскиот „Информер“. Таа тогаш мораше да ги извади и да ги намали градите, а за тоа отворено зборуваше во медиумите, не криејќи го својот проблем.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

„Имав интервенција на градите која не беше само заради естетски причини туку пред се имаше здравствен карактер. По пат направив и корекција на нивната големина, а приоритет ми беше здравјето“, изјави тогаш Цеца.

фото свет.рс
фото принтскрин
ФОТО: Светлана Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм
ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ
ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close