Кафе муабет
ОВА Е ДОКАЗ ДЕКА ПОВТОРНО СЕ ЗАЕДНО: Харис објави фотографија со Рада- фановите пресреќни поради оваа вест!
Дадоа уште една шанса на љубовта...
Пејачката двојка Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ повторно најде начин да ги реши сите несогласувања.
Имено, Харис на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со Радa и на тој начин на сите им стави до знаење дека се смириле.
Берковиќ и Манојловиќ наскоро ќе застанат заедно на сцената во еден клуб, каде имаат закажан настап, а пејачот објави заедничка фотографија и постави емотикон кој задоволно се смее и со тоа ги отстрани сите сомнежи дека веќе не се во добри односи.
Сепак, тие двајца се уште не се следат еден со друг на Инстаграм што веројатно е договор на двојката, така што во иднина нема сите лесно да дознаат кога следниот пат ќе се скараат.
Да потсетиме, во медиумите многу се шпекулираше за причината поради која Рада и Харис ставија точка на шестгодишната врска, а меѓу другото често се споменуваше и поврзаноста на Манојловиќ со пејачот Милан Станковиќ.
Наводно Харис сметаше дека тој има лошо влијание врз неговата сакана.
Според медиумите, по раскинувањето на шестгодишната врска со Харис, Рада наводно се вратила кај Милан.
– Иако раскина со Милан пред 10 години, Рада цело време беше блиска со него. Сè повеќе кавги и несогласувања со Харис ја наведувале да се запраша дали тој е вистинскиот маж за неа. Рада почна се почесто да разговара со Милан. Заедно почнаа да ги посетуваат манастирите и Рада сфати дека е многу помирна и посреќна со Милан бидејќи имаат ист поглед на иднината – вели извор за „Стар“ и додава:
– Таа сфати дека треба да го напушти Харис, кој стануваше се посебичен.
– Пред две недели заедно посетија црква во Белград каде разговараа со свештеникот кој им даде благослов. По нивното тајно помирување, Рада вистината им ја кажала само на својата сестра и нејзиниот татко. Нејзиниот татко беше многу среќен, секогаш велеше дека Милан е чесно момче и дека би сакал Рада да се омажи за него – вели изворот и додава:
-Харис никогаш не беше прифатен како иден зет. Не му се допадна тоа што одбил да дојде кај него во Четереже и што неговите родители постојано се мешале во нивната врска, како Рада да не е доволно добра за нив.
Како што пак неодамна објави „Свет“, Харис Берковиќ наводно се огласил пред новинарите, па се пожалил дека наводно чашата ја прелил Милан Станковиќ кој и го „испрал мозокот“ на Рада и таа повеќе внимание посветувала на поранешниот отколку на него, кој поради неа ја запоставил кариерата.
– Харис и Рада одамна не се како што треба, цело време се караа и целосно се оддалечија. Многу му пречело нејзиното дружење со Милан, не затоа што и бил поранешно момче, туку затоа што мислел дека има лошо влијание врз неа. Кога и да започнеше тема за Милан, доаѓаше до расправија и се му пречеше. Рада целосно се свртела кон религијата и го променила односот кон своето момче, бидејќи Милан и го „исперал мозокот“ – вели извор на кој Харис му се доверил и се пожалил дека Рада многу се променила.
– Ја запостави кариерата поради врската со неа и сега гледа дека згрешил, но се надеваше дека врската со Рада му е доживотна. Таа е многу променета, веќе не знае што прави и што зборува – вели извор близок на поранешната двојка, откривајќи во јавноста дека Милан Станковиќ веројатно бил една од главните причини за раскинувањето на Рада и Харис.
Рада забележала дека многу работи почнале да се земаат здраво за готово во нивната врска, дека ништо не е исто како порано, па му предложила на Харис да одморат, да се разделат и да видат дали си недостигаат и дали меѓу нив сè уште постои љубов или се е само навика.
– Забележав дека се плашам од минливост, кога нешто е толку конечно и после кое нема враќање. Би рекла и дека се плашам од непознатото, она што не можам да го видам и контролирам. Бев доста лоша во организација, можев да работам неколку ноќи по ред, а потоа да спијам исто толку, да се разбудам со мозочен удар и целосно неволна за живот. Конечно успеав да го решам тоа сега. Не знам зошто претходно не го земав животот во свои раце и зошто тоа го дозволив – изјавила пејачката.