Нега и здравје
Ова е девојката која никогаш во животот не се насмевнала- боледува од ретка болест, преживеала “ПЕКОЛ”- денес е модел и инспирација за многумина
Успеала да се избори...
Младата Тајла Клемент од Нов Зеланд е девојка која успеа да ја извојува најтешката борба, онаа со самата себе.
Таа по долги години поминати во депресија успеа да се избори и да се сака и почитува токму таква каква што е, уникатна и единствена.
Имено Тајла е родена со ретко невролошко нарушување наречено Möbius синдром, кое се карактеризира со парализа на лицето. Тајла не може да ги движи веѓите, очите или горната усна, па не може ни да се насмее.
Таа се труди да биде инспирација за секој што се чувствува поинаку. Оваа храбра девојка вели дека повеќе не држи лутина кон луѓето кои ја малтретирале во минатото. На сите оние кои се различни и не знаат да се прифатат себеси, таа им порача:
„Ако некој ве малтретира, мора да знаете дека проблемот не е во вас, туку во лошите луѓе кои сакаат да ги повредат другите. Не треба да се менуваш за да те прифатат, треба да те прифатат без разлика на се“ рече Тајла во евоето искрено интервју.
Тајла Клемент минала низ пекол додека одела на училиште затоа што децата ја малтретирале поради нејзиниот изглед.
Цел живот била лишена од она што го имаат 99,99 отсто од другите луѓе – насмевка.
И покрај сите тешкотии кои ги доживеала како тинејџерка, таа неодамна потпишала договор со модната агенција Zebedee Talent. Нејзината животна приказна го обиколи светот и служи како инспирација за многумина.
– На тоа гледам како на бесплатен ботокс, оптимистички опишала за магазинот Cheery, додавајќи дека недостатокот на насмевка не ја спречува да биде среќна и да се забавува.
Сепак, таа не беше секогаш толку среќна. На училиште и беше многу тешко бидејќи се разликуваше од другите деца. Таа не уживаше во учењето или комуникацијата со другите.
Нејзините родители со години се обидувале да и ја вратат насмевката со низа естетски операции. Првпат била оперирана на 11 години, но неуспешно.
Тајла призна дека поради нејзиниот изглед долго време се срамеше од себе.
-Растејќи како некој кој секогаш бил исмејуван поради мојот физички изглед, се чувствував како да не сум добредојдена во ниту едно друштво. Мислев дека не сум доволна таква каква што сум, па се трудев 100 пати повеќе од сите други да се вклопам, само затоа што не можев да се насмевнам – рекла Тајла.
На 17-годишна возраст почнала да има напади на паника предизвикани од тежок трауматски стрес.
– Лекарите ми рекоа дека психичкото здравје ми е многу лошо, имав тежок облик на депресија – открила таа.
Сепак, тешкотиите низ кои поминала Тајла не ја скршиле. Во сето тоа најде сила и веруваше во себе.
– Работев многу на себе и сега немам никакви проблеми во општествениот живот. Целосно се прифатив пред само неколку години. Ми требаше долго време да создадам добро мислење за себе, но со текот на времето стануваше се подобро и подобро – истакна таа.
Порано бегаше од камерите, денес има профил на Инстаграм и гордо позира.
Тајла веќе нема проблем со нејзиниот физички изглед, дури направи и профил на Инстаграм. Таа повеќе не бега од камерата, туку ги објавува своите фотографии и ја раскажува својата приказна на интернет за да ја подигне свеста за важноста на уникатноста. Нејзиното семејство исто така одиграло важна улога во тој процес.
„Моите родители беа неверојатни, дури и кога бев помала никогаш не се однесуваа поинаку со мене и навистина сум благодарна за тоа. Секогаш ме сакаа и ме поддржуваа во се што сакав да постигнам. Среќна сум што постојат“.
Тајла престана да се чувствува отфрлено и го избра патот на самодоверба. Во тоа и помогнале медитацијата и одењето во теретана. Веќе не се плаши од запознавање нови луѓе.
Денеска Тајла е горда на својот успех и може да се пофали дека е дел од моделската агенција Zebedee Talent која ги застапува лицата со попреченост и видливи разлики, со цел да се промени перцепцијата за модниот свет.