Дом и семејство
„ОВА Е ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК“: Девојката со крилја се огласи од породилиштето, сподели први фотографии од ќеркичката- не може да ја тргне насмевката од лицето
Дејана е горда мајка...
Дејана Бачко, сликарка и шампионка во паратаеквондо, која се занимава и со стрелаштво, родена е без горните екстремитети но тоа не ја спречи да живее квалитетно, да се бори, да супее и на крај да се оствари во улога на мајка поради што е особено горда.
Дејана се породи пред неколку дена, роди здрава ќеркичка која го доби името Лара.
Девојката со крилја како што самата се нарекува не ја симнува насмевката од лицето откако се оствари во најубавата улога во животот.
– Јас сум одлично. Тоа е неописливо чувство, навистина, многу ми е мило што станав мајка. Нова улога, голем предизвик. Јас сум многу среќна. Секако, тука е и поддршката од мојот сопруг, а тука ќе биде неговото и моето семејство – изјави храбрата Дејана.
– Дејана навистина добро издржа се, како што издржува се друго. Од моја страна јас сум сосема опуштен – додаде нејзиниот сопруг Марко за Радио-телевизија Војводина.
Да потсетиме, Дејана пред неколку дена на својот Инстаграм профил кој има повеќе од 87 илјади следбеници сподели фотографија со својата ќерка, а нејзината насмевка зборува за нејзината среќа и гордост.
– Боже, ти благодарам за овој подарок – напиша таа во објавата, по што доби многу позитивни коментари.
„Сега си мајка со крилја, бебето е преубаво“, „Браво, жива и здрава Лара“, „Честитки“, беа само некои од нив.
Приказната на Дејана која иако има хендикеп е инспиративна. Таа нормално ги извршува сите секојдневни обврски, а често со своите следбеници споделува како слика, патува и тренира.
Не можеме да избереме со што ќе се родиме – како ќе изгледаме, дали ќе наследиме здравствен проблем, но можеме да избереме како ќе се однесуваме, дали ќе се бориме, дали ќе се откажеме и ќе дозволиме проблемите да бидат посилни од нас.
Дејана беше поинаква уште со самото раѓање, но стана силна и успешна жена со волја и борбеност.
Марко Нежиќ, нејзиниот партнер и голем поддржувач е со неа неколку години а пред неколку дена ги израдуваа следбениците со убавата вест за приновата.
Инаку Дејана постигна бројни спортски успеси, од кои најзначаен е тоа што во 2019 година стана светска шампионка во паратаеквондо, а минатата година ја одбрани титулата во Истанбул.
„Со теквондо се занимавам долго време, па успехот не дојде преку ноќ. Имаше многу тренинзи, треба да се бориш, да имаш желба за успех и да имаш цел. Примарна цел ми беше да одам на Параолимписките игри во Токио, но имајќи предвид дека паратаеквондото не е параолимписка категорија, почнав да се занимавам и со стрелаштво, па целта ми е да одам во Париз во 2024 година на Параолимписките игри, како стрелец, истакна таа неодамна.