Кафе муабет
Ова е вистината за детството на ќерката на Миле Ќитиќ: Пејачот открива- Марта беше построга, јас и ги исполнувам желбите!
Наскоро се очекува дует со неговата ќерка Елена Китиќ...
Пејачот Миле Китиќ за време на последното интервју за прв пат реши јавно да сподели големи тајни за бракот со пејачката Марта Савиќ.
Пејачот откри и многу засега непознати детали за својата ќерка Елена.
– Јас и Марта никогаш не се каравме, освен понекогаш за Елена. Од оваа перспектива, разбирам дека Марта беше во право. Кога Елена беше помала бев многу слаб на неа и ѝ попуштав во се затоа што често бев на пат, па кога ќе дојдев дома и попуштав многу а ја слушав Марта како и брани и веднаш велев: Пушти го детето!“ – изјави Миле во „Премиер викенд специјал“.
– Марта беше „строг полицаец“ во нејзиното воспитување. Постојано и велеше: „Немој да го правиш ова, не го прави тоа, не можеш да го правиш ова, не можеш да го правиш тоа! Што се однесува до генетиката, таа е на мене, спортски тип. Има мој материјал, мал е, но по карактер е на Марта. Кога беше мала, таа беше иста како мене, а сега се повеќе личи на Марта, но, по градбата, таа сè уште е на мене.
Дополнително, Китиќ додаде дека освен што сакал да и ја исполни желбата на сопругата, па купил куќа во Доминиканската Република тоа било најмногу поради ќерката, за да биде што поблиску до САД.
-Поради неа се одлучив, кога е во прашање тоа купување. Многу е приврзана за Америка, замислува дека е таму, во Лос Анџелес, во Менхетен – изјави пејачот.
-Наскоро најавувам дует со Елена. Сите ме прашуваа зошто не го направив тоа, но некако мене не ми идеше татко и ќерка да пеат. Јас сум успешен, а таа е успешна во својата музика. Веќе ја снимивме песната, само треба Лача да смени еден дел од текстот и Елена повторно да отпее еден дел. Јас го направив мојот дел. Јас сум лав во студио! Првично не бев за тоа, но мислам дека тоа е одлична комбинација. Сите велат дека песната добро ќе помине – заклучи Китиќ.
Инаку пред неколку дена јавноста беше шокирана од изјавата на Миле Китиќ кој вели дека со Марта има отворен брак.
– Марта ме освои со своето однесување. Беше мирна и тивка, а јас мислев дека со ваква жена треба да се оженам. Таа отсекогаш имала разбирање за мене, на тој начин ме освојувала. Марта ми е ветер во грб и ми ја одржува кариерата – ја започна својата исповед Миле, а потоа продолжи со тврдењата дека двајцата имаат отворен брак:
– Ако ни треба тоа нас, зошто да не, но едноставно не пред мене. Никогаш не ја прашав за тоа. Таа прави што сака, а и јас – беше искрен пејачот.
За потсетување, медиумите неодамна објавија дека познатиот пејач кој денес има 68 години нешто повеќе од две години прима германска пензија од околу 1600 евра. Тој повеќе од две децении угледно плаќал данок во оваа држава, каде има пријавено место на живеење. Тој решил да почне да плаќа данок во Германија уште во 90-тите години, кога во Југославија беше воена состојба и имаше голема инфлација.
Како што пренесе српскиот Курир, а според извор близок до пејачот, тој ни самиот не знаел дека стекнал услов за пензија. Ова познатиот пејач наводно го дознал дури откако бил известен од претставници на фондот во Германија.
Кога наполнил 65 години добил допис дека може да ги предаде потребните документи за да замине во пензија.
Миле тоа и го направи и само неколку месеци подоцна ја доби и првата пензија. Тој наводно данокот и сите други потребни давачки почнал да ги плаќа во Германија уште во 1994 година бидејќи само така можел да добие работна виза.
Во продолжение погледнете неколку фотографии од миленичката на пејачот, неговата ќерка Елена…